03:47 - 6 февруари, 2026

КОРИСНИ СОВЕТИ ОД ФРИЗЕРСКИ САЛОН: Ивана Кузмановска Момироска ни открива совршена НЕГА НА КОСА

На социјалните мрежи можете да најдете најразлични совети и трикови за нега на коса, но многу е посигурно кога советите доаѓаат од врвни професионалци. 

А ЗНАЕТЕ КАКО СЕ ВЕЛИ, ПОГЛЕДНЕТЕ Ѝ ЈА НА ФРИЗЕРКАТА КОСАТА, ПА ПОТОА ПОТРПРЕТЕ СЕ НА НЕЈЗИНИТЕ ФЕН, ЧЕТКА И НОЖИЧКИ…

И самата со супернегувана коса, Ивана Кузмановска Момироска отсекогаш сакала негувани коси и затоа несебично ги споделува своите препораки со клиентките, а овојпат со вас. Нејзините совршени дела тоа го потврдуваат – со вложена правилна нега косата ќе блесне со сјајност и ќе изгледа здрава.

– Негуваната и убава коса е секогаш магнет за погледи. Но за да остане таква, потребна и е соодветна нега и третман, вели Ивана – Оние пак што би сакале да имаат погуста од тоа што е, треба да обрата внимание на комплетниот животен стил и исхрана. Не лишувајте го организмот од извори на Омега 3 и витамини.

Не земајте витамини без лекарски совет

Еден од проблемите кои можат да предизвикаат опаѓање е и недостаток на витамини или пак нивниот вишок. Од друга страна пак, некои витамини го неутрализираат ефектот на другите, ако се земаат заедно, така што може да ги пиете а да немате никаква корист. Затоа пред да си одредите витаминска терапија, консултирајте се со лекар.

Фото: Приватна архва

Проверувајте го составот на производите

Шампоните и регенаторите со опасни состојки заменете ги со природни производи, кои ќе и ги дадат на вашата коса сите потребни нутриенти.

Маска за коса

Ова е задолжителна нега. Маските ја јакнат и негуваат косата, и ѓи даваат потребните хранливи материи и ја хидрира. Кога купувате маски за коса, побарајте во составот да има алфа-кератин, бидејки тој го обновува и го измазнува влакното.

Без агресивни производи

Честото бојадисување на косата, може да предизвика слабеење на влакното, затоа користете бои без амонијак. Доколку сакате пак да ја обновите костата, тогаш најдобро е да и ги ставите боите и избелувањето на пауза.

Благодетот на масажата

Нежната масажа ја подобрува циркулацијата на крвта и на главата , односно коренот на влакното. Исто така, го зголемува присуството на хранливи материи во фоликулот на влакното. Масажата во текот на миењето коса со шампони овозможува ефикасна пенетрација на сите корисни елементи. Освен тоа, петминутната масажа е одличен начин за опуштање и ослободување од стрес, што ќе резултира со подобрување на состојбата и здравјето на косата.

Слични објави

Маријана Микиќ официјално се разведе: Пејачката ги потпиша документите, крај на приказната!

Еспресо

Ела Дворник повторно живее со поранешниот сопруг: „Вистински пекол на земјата!“

Еспресо

Познат пејач ја изневерува својата сопругата со маж: Водителот на Пинк откри шокантни детали

E.A.

(Фото) „Имав рак по рак, потпишав…“: Ќерката на легендарниот пејач ги откри деталите од мачната борба

Еспресо

Ацо Пејовиќ купил дуплекс стан во модерниот дел на Белград: Еден квадратен метар чини 6.000 евра

E.A.

(Фото) Првата заедничка фотографија: Еве како изгледа партнерот и татко на детето на Милица Тодоровиќ

Еспресо
Се вчитува....