7.8 C
Скопје
21:57 - 1 април, 2026

Конечно се огласи и Душко Тошиќ по разводот од Карлеуша: „Нормално е да има лутење и искри“

Јелена Карлеуша објави дека се разведе од Душко Тошиќ, а сега тој првпат проговори по разводот.

Двојката се разведе по шеснаесет години брак, а Јелена го доби старателството над децата.

Заедничкиот имот ќе го добијат нивните две ќерки Атина и Ники.

– По 16 години брак се разведов од мајката на моите деца со заедничка согласност. Договорот беше склопен заемно и на сечие задоволство, а најмногу се однесуваше на иднината на нашите деца, што ни е најважно – започна Душко на својот Инстаграм профил и продолжи:

– Се договоривме целиот наш заеднички недвижен имот да им припадне на нашите ќерки Ника и Атина. Исто така, секоја моја обврска како татко и машка фигура се подразбира. За мене најважно беше да можам да поминувам време со нашите деца кога сакам и кога имаме можност.

принтскрин инстаграм

– Што се однесува до односот на Јелена и мене, нормално е кога ќе се случи развод, да има лутење и искри, но се надевам дека еден ден ќе престане. Мислам дека Јелена е добра мајка и добра пријателка и би сакал да останеме пријатели и да имаме добри односи заради нашите деца. На Јелена ѝ посакувам се најдобро и секогаш ќе бидам тука за мајката на моите деца, како и за моите деца. Сите грди работи треба да останат зад нас и само нашите деца да бидат центарот на нашиот свет, како што се – напиша Душко, поздравувајќи ги своите следбеници на социјалните мрежи.

По разводот со Душко, Јелена се сеќава на моќникот кој ѝ го освоил срцето: Илјадници рози, кристален телефон…

Слични објави

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.

Живее во Монако, заработува на Балканот! Ова се тајните бизниси на свршеникот-милионер на Мелина Џиновик

Еспресо
Се вчитува....