7.8 C
Скопје
20:25 - 1 април, 2026

Колешката од „Брилјантин“ се прости од Оливија Њутн-Џон: „Јас сум без зборови, последен пат кога зборувавме ми рече…“

Актерката Диди Кон се прости од колешката и пријателка Оливија Њутн-Џон која почина во понеделникот.

„Мојата прекрасна пријателка, дамата Оливија Њутн-Џон нè напушти. Толку тажно. Моите мисли се со нејзиното семејство. Јас сум без зборови”, напиша таа на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 00s princess (@yk2cinema)

Диди и Оливија се запознале на снимањето на филмот „Брилјантин“, во кој глумеа како пријателки. Диди ја играше Френси, а Оливија ја играше Сенди. Актерките станаа пријателки и во реалниот живот.

„Таа ми рече дека повеќе не може оди и дека има 24-часовна нега, а нејзиниот сопруг Џон и нејзината ќерка Клои беа цело време покрај неа“, изјави Диди за „Добро утро Америка“, присетувајќи се на последните денови на Оливија.

принтскрин

Таа откри и кога последен пат се слушнале.

„Последен пат се слушнавме преку СМС пораки и ѝ реков: Се надевам дека знаеш дека секогаш си во моето срце. Таа ми одговори: „А ти си во моето“. Тоа беше нашата последна порака на петти јули“, изјави актерката за Мирор.

„Ќе ја паметам по нејзиното големо срце во кое имаше место за се. И засекогаш искрено ќе ја сакам”, заклучи Диди.

За потсетување, Оливија почина во сон на нејзиниот ранч во Јужна Калифорнија во понеделникот наутро, опкружена со семејството и пријателите. Таа се бореше со ракот на дојката повеќе од 30 години. Веста за нејзината смрт ја потврди и нејзиниот сопруг Џон Истерлинг.

Слични објави

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.

Живее во Монако, заработува на Балканот! Ова се тајните бизниси на свршеникот-милионер на Мелина Џиновик

Еспресо

(Видео) Дамјан Стојаноски објави снимка од детството – на две години настапил со татко му Војо во Универзална сала

Еспресо

Огњен Амиџиќ за состојбата на Зорица Брунцлик: „Сакам да помине што побезболно!“

Еспресо
Се вчитува....