15.8 C
Скопје
17:32 - 24 октомври, 2026

Која е Лаила Хасановиќ, атрактивната девојка на Јаник Синер која му е најголема поддршка

Со победата на Вимблдон, Јаник Синер испиша нова страница во историјата на тенисот, а за време на големото финале камерите често ја снимаа неговата девојка Лаила Хасановиќ. Атрактивна Данкинка со босанскохерцеговски корени по потекло од Сребреница е негова најголема поддржувачка веќе некое време. Таа е успешна манекенка и претприемачка.

Иако Синер ретко го споделува својот приватен живот со јавноста, во изминатата година Лаила стана негова постојана поддршка на големите турнири. Шпекулациите за нивната врска започнаа минатата година, а кратко потоа почнаа да се појавуваат заедно на тениски натпревари и други јавни настани.

Италијанскиот тенисер неколку пати нагласи колку му значи поддршката од најблиските. По една од минатогодишните победи, тој особено им се заблагодари на својата девојка, на семејството и на целиот тим што го придружува во текот на сезоната.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Laila Hasanovic (@lailahasanovic)

Лаила беше со него за време на победите на Отвореното првенство на Италија, финалето на АТП и Мастерсот во Монте Карло, а сега повторно беше дел од неговата победничка приказна на Вимблдон.

Моментот кога емотивно ја прослави неговата нова титула на Гренд слем по последниот поен беше особено споделен на социјалните мрежи, што предизвика бројни реакции од фановите.

Лаила Хасановиќ е родена во 2000 година во Копенхаген, а нејзиното семејство потекнува од Сребреница. Таа со години гради успешна кариера во светот на модата и е позната на јавноста како инфлуенсерка која ја следат повеќе од половина милион луѓе на социјалните мрежи.

Студирала новинарство во Соединетите Американски Држави, а на само 21 година стигнала до финалето на изборот за Мис Универзум Данска.

Во една прилика, таа раскажа колку многу луѓе не претпоставуваат дека има корени од Босна и Херцеговина затоа што повеќе личи на скандинавска жена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Laila Hasanovic (@lailahasanovic)

Покрај модната кариера, Лаила се обиде и во претприемништвото. Таа го лансираше својот бренд за убавина „NRD55“, специјализиран за нега на кожа и производи за самопотемнување.

Пред врската со Синер, таа беше во врска со Мик Шумахер, син на легендарниот возач на Формула 1, Михаел Шумахер, но нивната врска заврши минатата година.

Слични објави

„Нема утеха“, песната со која Александра Пилева го освои „Макфест“: „Секојпат кога ја пеам ме обземаат емоции“

Т.Ц.

Сузана Манчиќ го продала станот во Белград за 500.000 евра: Соседите ги откриле сите детали

Еспресо

„Оживеав, не би му го посакала тоа на никого“: Емотивната исповед на Мина Костиќ за лекувањето во психијатарската установа

Еспресо

Барате квалитетна клуб маса? Искористете ги октомвриските попусти во Wood room

Еспресо

(Фото) Алекса Балашевиќ сподели глетка што ги топи срцата: Малата Вера не го пушта братчето од прегратки

Еспресо

Заборавете на миризливите свеќи — со овој едноставен трик домот ќе ви мириса на есен

К.С.
Се вчитува....