13.8 C
Скопје
18:50 - 24 октомври, 2026

(Фото) Снаата на Ана Ивановиќ ужива во хотел на Мајорка каде ноќевање чини 700 евра!

Снаата на Ана Ивановиќ, новинарката Драгана Џајиќ, ужива во хармоничен брак со братот на познатата српска тенисерка, Милош, со кого го има синот, Вид. Новинарката во моменто е на заслужен одмор, кој го поминува во Шпанија, поточно на Мајорка, и тоа во еден од најскапите хотели.

Драгана сподели прекрасни кадрови од престижната дестинација, а се сместила во луксузен хотел каде што ноќевањето чини околу 700 евра. Убавата бринета позирала во тесен фустан кој ја истакнал нејзината витка фигура додека уживала во вечерата покрај море.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dragana Dzajic (@draganadzajic_)


Водителката своеврмено зборувала за нејзиниот однос со Ана Ивановиќ, истакнувајќи дека се многу блиски и често разменуваат совети за родителството.

– Ана е прекрасна личност, како и целото семејство Ивановиќ. Често се слушаме, имаме семеен и нормален однос. Делиме мајчински совети и ми значи секој нејзин и на сестра му совет. Тие сепак се мајки малку подолго од мене, па затоа имаат корисни работи да ми кажат – рекла низ смеење Драгана.

– Јас сум многу посветена мајка, онаа „лудата“ која е нон-стоп со своето дете и ми се допаѓа што Ана и Сања се исти такви мајки кои поминуваат многу време со своите деца. Па затоа уживаме во овие моменти додека децата не си заминат, бидејќи тие дефинитивно ќе си заминат во еден момент, ќе си го бараат својот пат – додала тогаш Драгана.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dragana Dzajic (@draganadzajic_)

Слични објави

„Каде и да одиме, Верица ме срами“: Вељко Кузманчевиќ се пошегува за сопругата која е 35 години постара од него

Е.А.

„Нема утеха“, песната со која Александра Пилева го освои „Макфест“: „Секојпат кога ја пеам ме обземаат емоции“

Т.Ц.

Сузана Манчиќ го продала станот во Белград за 500.000 евра: Соседите ги откриле сите детали

Еспресо

„Оживеав, не би му го посакала тоа на никого“: Емотивната исповед на Мина Костиќ за лекувањето во психијатарската установа

Еспресо

Барате квалитетна клуб маса? Искористете ги октомвриските попусти во Wood room

Еспресо

(Фото) Алекса Балашевиќ сподели глетка што ги топи срцата: Малата Вера не го пушта братчето од прегратки

Еспресо
Се вчитува....