Синот на пејачката Зорица Брунцлик, Ѓорѓе Тутиќ, неодамна се разведе од новинарката Вања Јовановиќ, а сега ужива во нова романса.
Во домот пристигна нова снаа, Марија Анишиќ, која во тешките моменти додека Зорица се бореше за здравјето, успеала да измами по некоја насмевка на лицето на синот на пејачката, пишува српски Телеграф.

Инаку, Марија била мисица, а на својата рака истетовирала порака на благодарност за Ѓоле.
– Ѓорѓе, ти благодарам што дојде во мојот живот – истетовирала Марија на своето тело како роденденски подарок за Ѓоле.

За приватниот животот и професијата на Марија сè уште многу не се знае. Сепак, познато е дека зад себе има искуство во моделингот и титула за мис, а во фокусот дојде откако започна романса со синот на пејачката.

