05:19 - 12 март, 2026

(Фото) Која беше Кристина Сандера, последната љубов на Клинт Иствуд: Се запознале во неговиот хотел каде била хостеса

Оскаровецот уживаше во среќата и љубовта со Кристина Сандера во последната деценија. Таа почина во четвртокот на 61-годишна возраст.

Двојката, која се запозна во 2014 година, ја чуваше својата врска приватна, но понекогаш, заедно, со задоволство присуствуваа на црвените килими и други гламурозни настани.

Иствуд ја запознал Сандера кога работела како хостеса во неговиот хотел и ресторан „Мисија Ранч“ во Калифорнија. Потоа, во 2015 година, таа ја придружуваше 94-годишната ѕвезда на Оскарите кога неговиот филм „Американски снајперист“ беше награден со шест Оскари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ✨THE WEBNEWS (@the_webnews)

Првата заедничка фотографија на парот се појави (уловени од папараците) во 2014 година како заедно пазарат.

Сандера немаше не користеше социјални мрежи и избегнуваше присуство во јавност, освен што се појави со познатиот Иствуд во јавност на неколку премиери на неговите филмови.

Но и самиот Иствуд се држи настрана од социјалните мрежи и комуницира главно преку портпарол.

„Кристина беше прекрасна жена и многу ќе ми недостига“, рече Иствуд извесувајќи за нејзината прерана смрт.

Засега, непознати се причините за смртта на Сандера.

Пред оваа врска, Клинт Иствуд беше во брак од 1953 до 1987 година со манекенката Меги Џонсон, а подоцна и со водителката Дина Руиз од 1996 до 2004 година. Тој имаше и две многу долги врски: првата со Френсис Фишер, а другата со друга актерка и режисерка Сондра Лок, која глумеше во многу негови филмови и почина во 2018 година.

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....