7.8 C
Скопје
10:34 - 1 април, 2026

Кој е швајцарскиот победник на Евровизија: „Јас сум само Немо, не се идентификувам како маж или како жена“

Претставникот на Швајцарија Немо Метлер го освои првото место во финалето на „Евровизија 2024“.

Во фотофинишот на „Евровизија“ Немо беше на второто место на обложувалниците, а по гласањето сепак успеа да стигне до првото место.

Немо Метлер (25) на Евровизија ја испеа песната „The Code“, која, како што вели, делумно била инспирирана од реалниот живот.

Немо е всушност првата небинарна личност која победила на Евровизија, а ова е неговата биографија. Патем, за луѓето кои не знаат што е небинарна личност, еве кратко објаснување.

Родова небинарна личност е идентитетска одредница за личност која не се чувствува и не се идентификува ниту како жена, ниту како маж, или се чувствува и се идентификува и како жена и како маж, или се дефинира себеси надвор од бинарното (женско-машко ) норми.

Во ноември минатата година, пејачот објави на Инстаграм:

– Не се идентификувам како маж или како жена. Јас сум само Немо, додавајќи: Моите заменки се тоа/тие.

Синоќа се вееше знаме со жолти, бели, виолетови и црни хоризонтални ленти. Тоа е небинарно знаме на гордоста.

Денес 25-годишниот Немо се занимавал со музика уште од дете, свирел клавир, виолина, тапани. Првата музичка улога ја добил на само 13-годишна возраст и оттогаш се знаело дека ќе биде успешен.

Марија Шерифовиќ гневна на гласањето на хрватското жири на Евровизија: Само три бода Хрватска ѝ даде на Србија

 

Слични објави

Почина човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење, Биба Струја

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо
Се вчитува....