16.8 C
Скопје
13:41 - 16 март, 2026

(Фото) Кој е новата љубов на Наоми: Од мултимилионерот од Саудиска Арабија носи скапоцен прстен

„Сан“, повикувајќи се на свои извори, тврди дека супермоделот Наоми Кембел е во врска со филмскиот продуцент и мултимилионер од Саудиска Арабија, Мохамед Ал Турки.

Тие беа забележани заедно на настани неколку пати последователно, а последен пат на доделувањето на наградите БАФТА овој месец: 53-годишниот супермодел и 37-годишниот филмски продуцент се фотографираа заедно, а потоа, според The ​​Sun, останале близу еден до друг цела ноќ.

Тие првпат се појавија заедно на настан во 2021 година и оттогаш излегоа заедно повеќепати, вклучувајќи го и присуството на Канскиот филмски фестивал минатата година и на Париската модна недела во 2022 и 2023 година, како и на неколку приватни забави.

Како што забележуваат упатените, меѓу нив „има хемија“.

„Наоми е многу селективна за тоа со кого го поминува времето и се зближи со Мохамед. Тие ја делат љубовта кон модата и уметноста и имаат многу заеднички пријатели. Наоми беше со него во Дубаи и изгледа посреќна од кога било.” – вели извор за „Сан“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mohammed Al Turki (@moalturki)

Од пред извесно време, медиумите повторно почнаа да пишуваат за личниот живот на Наоми, бидејќи по третпат во последниве години таа била забележана со дијамантен прстен на раката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mohammed Al Turki (@moalturki)

Наоми Кембел беше свршена со басистот на U2, Адам Клејтон во 1993 година, а потоа и со италијанскиот бизнисмен Флавио Бријаторе, со кој се раздели во 2002 година. Таа имала романси и со Роберт де Ниро, Џерард Батлер, Теренс Хауард, Мајк Тајсон и рускиот милијардер Владислав Доронин. Наоми Кембел го чува во тајност својот личен живот. Во 2021 година, Наоми Кембел стана мајка на ќерка: се претпоставува дека детето го носела сурогат мајка, а таткото е непознат. Минатото лето Наоми Кембел стана мајка по вторпат: доби син, кој го роди сурогат мајка. Ништо не се знае за таткото на момчето.

 

Слични објави

Сопругата на Дарко Лазиќ објави емотивно видео со Драган: „Некои работи му припаѓаат на срцето и тишината“

Еспресо

Цел ден клекни-стани: Сузана Гавазова откри како ја одржува формата

msp-admin

Рене Биторајац, главниот актер од „Свадба“ се јави со необична порака од Лондон

msp-admin

(Видео) Рада Манојловиќ ужива со новиот дечко: Тој е во зрели години, истетовиран и зад себе има еден брак

Еспресо

(Фото) Блага Петреска со емотивен спомен за близок човек кој веќе не е меѓу нас

msp-admin

Момче од Македонија секоја година доаѓа на гробот на Ксенија Пајчин во Белград

msp-admin
Се вчитува....