06:19 - 10 јануари, 2026

Кој е Бадер Шамас, човекот со кој се омажи Линдзи Лохан: Поради него глумицата се пресели во Дубаи

Во петокот, 1 јули, Линдзи Лохан се омажи со својот избраник Бадер Шамас.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lindsay Lohan (@lindsaylohan)

Свадбата беше ненајавена, но сепак, очекувана, зашто минтиот ноември Линдзи Лохан објави дека е свршена со нејзиното момче Бадер Шамас. Тогаш, покажувајќи ја својата радост за фановите, напиша „Љубов моја. Мојот живот. Моето семејство. Мојата иднина.“ и додаде емоџи со дијамантски прстен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lindsay Lohan (@lindsaylohan)

Но кој е Бадер Шамас?

Шамас има арапско потекло, но последниве седум години живее во Даблин. Тој е економист и моментално работи како помошник потпретседател во банкарската фирма Credit Suisse. Претходно работел како соработник во BNP Paribas Wealth Management. Тој се здобил со диплома во 2010 година на Универзитетот во Јужна Флорида каде завршил образование на отсекот Машинско инженерство и на крајот добил диплома за финансии на факултетот за бизнис Џон Х. Сајкс.

Лохан и Шамас ја чуваа својата врска многу тајно, но според The Independent тие се заедно околу две години ипол.

Извор лани изјави за Сан дека нивната врска станува се посилна. А сега, тоа се виде и на дело, со венчавката.

Сигурно е дека Бадер е присутен во животот на Линдзи уште од 2020 година, зашто таа во февруари истата година објави пост на кој прикажува дека излегла со членовите на бендот Бастилја на рок концерт во Дубаи, но и дека со неа е нејзиното момче: „прекрасна ноќ со сестра ми и моето момче, ова е навистина магична ноќ“.

фото инстаграм

Сепак, набргу потоа постот беше избришан.

Најверојатно се запознале во Дубаи, каде што и денес живеат.

Актерката претходно беше свршена со рускиот бизнисмен Егор Тарабасов, со кого се раздели во 2017 година. Оттогаш Лохан тврди дека Тарабасов физички ја малтретирал. Тарабосов категорично ги отфрли сите тврдења за злоупотреба и ја обвини Лохан дека започнала „кампања за оцрнување“ против него.

Линдзи Лохан и Бадер Шамас се венчаа: „Ти си мојот живот, моето сè“

Слични објави

Песната на Лепа Брена не познава граници: Девојка од Германија ги воодушеви сите со изведба на нејзиниот познат хит

Е.А.

(Фото) Азис ја започна 2026 година со одмор на Хаваи

Е.А.

Северина објави ретка фотографија од синот Александар: Сличноста е вневеројатна

Е.А.

(Видео) Крстот од жито што вдовицата на Маринко Роквиќ го направила за слава е најубавото нешто што ќе го видите

Еспресо

(Видео) Марија Микиќ го покажа лицето без грам шминка: Среде ноќ објави видеа од нејзината вила вредна 500.000 евра

Еспресо

Мирослав Илиќ за крајот на кариерата: Бродот го водам кон пристаништето, го спремив сидрото! Години наназад се подготвувам за тој момент

Еспресо
Се вчитува....