4.8 C
Скопје
02:37 - 21 декември, 2024

Кои беа девојките на Пит Дејвидсон и колку траеја врските „дури трепнеш“; што тогаш од него очекуваше Ким?

Ким Кардашијан и Пит Дејвидсон се простија по 9 месеци врска. Не може да се каже дека не се очекуваше таков епилог, гледајќи ги неговите минати врски. Секогаш е истата приказна: љубовни приказни кои траат неколку месеци, во меѓувреме големи јавни „изливи“ на љубов и потоа сè исчезнува.

За да потврдите дека ова е шема која се повторува, еве преглед на она што се случи со неговите најпознати бивши:

КАЗИ ДЕЈВИД (2016 – 2018)

Временскиот распон на врската може да ве излаже, зашто тие беа заедно две години со бројни раскинувања во меѓувреме, па така ако се сконцентрира во времетраење нивната врска може да се „собере“ во два три месеци. Она што ги спречило да имаат трајна врска биле, како што кажа подоцна Кази Дејвид, „проблеми со менталното здравје“.

Меѓутоа, кога актерката, која беше многу вљубена во Пит, реши да се обиде уште еднаш, тој веќе на интернет откри декаизлегува со Аријана Гранде.

АРИАНА ГРАНЕ (2018)

Нивната љубовна приказна траеше 5 месеци, а во средината имаше и предлог за брак комплет со прстен. Според она што го кажа Пит Дејвидсон, последните зборови за нивната врска беа поврзани со смртта на раперот Мек Милер, кој умре од предозираност, а инаку беше поранешно момче на Ариана Гране. Таа пак, се нафати да го чува неговото куче по неговата смрт, а Дејвидсон се раздели од неа со зборовите:

„Сфатив дека е готово – рече тој – веднаш откако ја слушнав веста. И кажав дека ќе бидам покрај неа додека таа повеќе не сака да бидам. Она што го знам е дека таа навистина го сакаше“.

По раскинувањето, дојде до некаква расправија на долги растојанија меѓу двајцата: не ѝ се допадна тој да ја раскажува нивната приказна во една од неговите стенд ап комедии; тој пак не го ценел тоа што таа одлучила да го симне вереничкиот прстен за време на настапот на Греми.

КЕЈТ БЕКИНСЕЈЛ (2019) 

Аријана Гранде, зборувајќи за Пит Дејвидсон, рече дека некое време подоцна дошла до заклучок дека она што било меѓу нив е силен занес и ништо повеќе. Таа беше во право затоа што, по неколку месеци, Пит веќе беше во прегратките на Кејт Бекинсејл. Врската предизвика многу дискусии поради 20-годишната разлика. Но сепак, немаше време да заклучиме дали воопшто ни се допаѓаат или не како пар, зашто набргу раскинаа: по 4 месеци, всушност, дојде збогувањето. Комичарот изјави дека нејзините чичковци го обожаваат и дека таа е навистина забавна личност. Причината за раскинувањето? „Таа секогаш ме тераше да се грижам за моето ментално здравје. Всушност, требаше да одам на рехабилитација, но таа беше многу зафатена со својата работа. Таа е вистинска суперѕвезда“.

МАРГАРЕТ КВАЛИ (2019)

Не грижете се: поминаа само неколку месеци од раскинувањето со Бекинсејл и тој веќе беше рака за рака со друга актерка, Маргарет Квали. Не се знае дали ова може воопшто и да се смета за вистинска врска или само за летен флерт бидејќи нивната љубовна приказна траеше само 3 месеци. Таа никогаш не се врати на темата – Пит, а тој ја опиша во подкаст како „фантастична девојка, прекрасна душа“. А, тој исто така се осмели и да ѝ прогнозира за патот на нејзината кариера: „Убеден сум дека за неколку години ќе добие Оскар“. Ќе видиме.

КАЈА ГЕРБЕР (2019)

2019 година беше напорна година за Пит Дејвидсон бидејќи на крајот на годината се запознава со манекенката Каја Гербер (ќерка на Синди Крафорд). Двајцата беа заедно само три месеци: од октомври 2019 до јануари 2020. Врската воопшто не им се допадна на нејзините родители, кои се обидуваат на секој начин да ја убедат да го остави. Некое време подоцна самата Каја ќе каже колку била несреќна со него. Дејвидсон горе-долу е на истото мислење: „Таа беше навистина многу млада и ми беше тешко. Мислам дека во тоа време таа требаше само да се забавува и да не се грижи за проблематично момче како мене. Тоа не беше ниту место ниту вистинско време.“ Тој, исто така, им се заблагодарил на Синди Крафорд и Ранде Гербер за помошта што му ја дале и што го убедиле да оди на рехабилитација.

ФИБИ ДИНЕВОР

Ајде да скокнеме до 2021 година кога во февруари се појави вест дека Пит Дејвидсон се забавува со ѕвездата на Бриџертон.

Заедно поминаа 6 месеци, во кои комичарот одлучи да ги отстрани тетоважите, убеден од неа, посериозно да ја сфати својата актерска кариера. Со месеци се шират гласини за можен соживот и тоа во Англија. Меѓу официјалните причини за разделбата беше далечината и неможноста постојано да се гледаа. Двајцата никогаш повеќе не зборуваа за нивната врска.

КИМ КАРДАШИЈАН (2021 – 2022)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)

И доаѓаме до последната приказна: Ким Кардашијан. Ако помислиме дека тие беа заедно од ноември 2021 година до пред некој ден, можеме да зборуваме за рекорд: 9 месеци заедно. Сè уште нема официјална изјава за разделбата, но уште еднаш далечината и многуте работни обврски на двајцата како да ја скршија љубовната идила. Меѓутоа, во последните неколку часа сè погласни се гласините дека токму Ким се простила од Пит. Всушност, бизнисменката во овој момент, не сака сериозна врска, а Пит се стремел да продолжи да гледа наоколу и да излегува со други луѓе, вклучувајќи и девојки. Ако навистина ова е причината, може да се опкладиме дека Пит уште додека му трае претстојот во Австралија каде што снима филм, ќе се стопи во нова прегратка.

 

 

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....