08:29 - 9 април, 2026

Ким Кардашијан има нова професија: Тргнува по стапките на својот покоен татко

Ким Кардашијан тврди дека има уште една улога во животот што треба да ја одигра и се надева дека луѓето ќе почнат да ја сфаќаат многу посериозно. Тоа е улогата на адвокатот.

Ѕвездата на реално шоу, мајка, сопственичка на компанија и актерка во многу други познати и неславни улоги, по бурниот развод од раперот Кање Вест, во неодамнешното интервју за Vogue Hong Kong изјави:

– Сонувам да создадам успешна адвокатска канцеларија по примерот на татко ми Роберт Кардашијан, кој беше познат адвокат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)

Таа објасни дека нејзиниот татко значително влијаел врз одлуката да тргне по неговите стапки и дека нема да се откаже.

– Дефинитивно ми влијаеше дружењето со татко ми во неговата канцеларија. Желбата да се занимавам со оваа работа со години ја носам во душата и многу сум горда што сега ќе ја реализирам.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)

Во претходните интервјуа на прашањето што би сакала да прави кога не се снима себеси, таа секогаш велеше дека сака да биде истражувач на местото на злосторството или адвокат.
Ким сега додаде дека поради тоа што станува адвокат станува поблиска со својот татко. Во декември 2021 година таа ги положи првите испити, што претставува голем успех, но потоа нејзиното учење беше попречено од долгиот и турбулентен развод. Откако се ослободи од раперот таа реши повторно да ја земе книгата во раце и да го загрее столчето.

Многумина го поддржуваат сонот на Ким, вклучувајќи го и нејзиното момче Пит Дејвидсон. Тој неодамна направи нова тетоважа на која пишува „Мојата девојка е адвокат“ што, според парот, претставува вистинска љубов и поддршка.

Слични објави

Хороскоп за 9 април: Вагите прават избор што носи мир, Овните конечно добиваат јасен знак

Еспресо

Кеба е горд на ќерката – Наташа Којиќ освои златна награда во Лондон

Еспресо

Карлеуша со остри зборови за Теа Таировиќ: „Балканот не смее да биде синоним за…“

Еспресо

(Видео) Марија Шерифовиќ сподели интимен момент од Бали: „Дојде време да си кажам не“

С.П.

Бојана Лазиќ откри кога се враќа Зорица Брунцлик во жирито на „Пинкови ѕвезди“

Еспресо

Дали Ким Бесинџер со неочекуваниот потег ги закопа воените секири со Алек Болдвин?

Т.Ц.
Се вчитува....