Фудбалерот Килијан Мбапе и шпанската глумица Естер Експозито негираа дека се во врска на почетокот од годинава, кога се проширија гласините дека се заедно, а деновиве биле забележани во Мадрид како пијат заедно кафе во колата на Мбапе. Потоа Експосито излегла од автомобилот и купила ладни пијалаци. Според мексиканското издание Cronica and paparazzi, парот го поминал денот заедно, завршувајќи го „состанокот“ во домот на Мбапе во Мадрид.
View this post on Instagram
Која е Естер Експосито?
Естер Експосито е шпанска актерка и модел, родена на 26 јануари 2000 година во Мадрид. 26-годишната вонсериска убавица последните години стана едно од најпознатите лица на европската и светската поп-култура. Публиката ја освои со улогата на фаталната Карла во хит-серијата Élite, а од тогаш нејзината популарност продолжува да расте. Покрај актерскиот талент, често привлекува внимание и со својот моден стил и гламурозни појавувања на црвениот тепих.

Покрај актерството, позната е и по успешната кариера во светот на модата и соработките со големи модни брендови. На социјалните мрежи ја следат повеќе од 25 милиони луѓе, а секој нејзин нов проект предизвикува голем интерес кај обожавателите.
View this post on Instagram
