7.8 C
Скопје
21:32 - 1 април, 2026

Киану Ривс и неговиот рок бенд Догстар го објавија својот прв албум по 23 години

Инди рок бендот Догстар, од кој е дел и холивудската ѕвезда Кијану Ривс, го издаде својот прв албум по 23 години, насловен „Somewhere Between the Power Lines and Palm Trees“, пренесува See News.

Севкупно, ова е трет студиски албум на музичарите. Вториот албум на бендот, “Happy Ending”, беше објавен во 2000 година.

Киану повторно свири бас заедно со гитаристот/вокалист Брет Домроуз и тапанарот Роберт Мејлхаус.

Албумот ги вклучува претходно објавените синглови „Everything Turnsaround“, „Breach“, „Glimmer“, „Somewhere Between the Power Lines“ и други песни.

За време на својата кратка, но шарена активност во 2000-тите и раните 2000-ти, Dogstar привлече големо меѓународно внимание, најмногу благодарение на ангажманот на Ривс. Откако го објавија ЕП-то со четири песни Quattro Formaggi во 1996 година, триото го обиколи светот, и настапи на  фестивалот Гластонбери, а два пати биле предгрупа на Дејвид Боуви и Бон Џови. Концертот во Јапонија во 2002 година беше последен настап на групата со оваа постава.

Сега триото повторно оди на турнеја за да го промовира новиот албум. Турнејата вклучува концерти во Сент Луис, Колумбус, Нијагара, Лос Анџелес, Чикаго, Детроит, Торонто, Бруклин, Бостон, Атланта, Нешвил и други градови.

„Somewhere Between the Power Lines and Palm Trees“ содржи 12 песни и беше премиерно прикажан со пренос во живо од концертот на алтернативниот рок бенд вчера, на 10 октомври, во Капитол театарот во Порт Честер, Њујорк.

Слични објави

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.

Живее во Монако, заработува на Балканот! Ова се тајните бизниси на свршеникот-милионер на Мелина Џиновик

Еспресо

(Видео) Дамјан Стојаноски објави снимка од детството – на две години настапил со татко му Војо во Универзална сала

Еспресо
Се вчитува....