9.8 C
Скопје
19:26 - 12 март, 2026

Кевин Спејси на суд: Татко ми беше расист и неонацист, израснав во компликувано семејство

На американскиот актер Кевин Спејси (63) му се судеше поради обвинение за сексуално злоставување на 14-годишно момче во 1986 година.

Актерот Ентони Рап (50) го тужеше Спејси и побара отштета од милиони долари. Рап тврди дека актерот се обидел да го однесе во кревет кога имал само 14 години. Тој, наводно, го кренал на раменици по забавата, го ставил на креветот и легнал врз него. Рап се извлекол под пијаниот Спејси и успеал да побегне. Спејси ги отфрли обвинувањата.

Обвинението и е познато на јавноста одамна, а ова не е прв пат Кевин да се брани дека ништо не направил.

Притисокот на публицистите и адвокатите оставил трага кај Спејси, кој дури и плачел поради се.

– Ми рекоа дека не можам да се откажам од приказната, а знаев дека никогаш нема да имам сексуален интерес за Рап или за некое дете. Го знам тоа. Бев шокиран, исплашен и збунет, знаев дека никогаш не сум бил насамо со него – рече Спејси во 2017.

Меѓутоа, кратко потоа на Твитер напиша дека воопшто не се сеќава на средбата со Рап.

-Ако сум се однесувал како што тој опишува, му го должам најискреното извинување за грубо непримерното пијано однесување и жал ми е за чувствата што вели дека ги носел сите овие години – напиша тој.

Спејси пред судот опиша како ги запознал Ентони и Џон Барован, исто така актери, зад сцената по претставата. Кевин ги одвел на вечера, па во ноќен клуб и на крајот во својот стан. Рече дека го заведувал полнолетниот Барован во станот, без да покажува интерес за Рап.

– Ентони Рап се однесуваше како дете, а Џон Барован се однесуваше како маж – рекол Спејси.

Од друга страна, Рап изјави дека тој и неговиот колега Џон отишле дома после клубот, а дека Спејси го поканил во станот само неколку дена подоцна.

За време на судењето, Спејси зборуваше и за тешките моменти од растењето, кои ги чуваше во тајност сите овие години.

– Пораснав во многу комплицирана семејна динамика. Татко ми беше расист и неонацист, а тоа значеше дека јас и брат ми и сестра ми бевме принудени со часови да слушаме приказни за неговите уверувања – се пожали Кевин.

Слични објави

(Фото) „Засекогаш ќе бидеш во моето срце“: Дарко Лазиќ со емотивна објава се збогува со својот брат Драган

Еспресо

(Видео) „Ќе биде куку леле ако проговорам за Лепа Брена“: Зорица Марковиќ со жестоки тврдења

Е.А.

За поранешната девојка на Лука Дончиќ пишува цел свет: Која е Анамарија Голтес?

Еспресо

Раперот Војаж објасни зошто глуми опасен тип, реакциите се жестоки

Е.А.

(Фото) Повеќе од 50 милони! Луна Ѓогани се пофали со својот голем успех по враќањето од Малдивите

Еспресо

Страв стар со векови: Седум работи кои според верувањата носат несреќа на петок 13

Еспресо
Се вчитува....