6.8 C
Скопје
08:51 - 1 април, 2026

Кевин Костнер е осуден на голема исплата на алиментација: Судијата ја откри конечната сума

Кевин Костнер и неговата екс сопруга Кристин Баумгартнер конечно постигнаа договор за исплати за издршка на децата, бидејќи беа во жестока судска битка во која таа бараше над 248 илјади за месечна алиментација.

Судот во Калифорнија конечно го реши спорот, пресудувајќи дека Костнер сега ќе ѝ плаќа вкупно 63.209 долари месечно на Кристин Баумгартнер за издршка на деца.

Се чини дека судијата го следеше она што Кевин Костнер го предложи дека е фер износ за плаќање кој изнесуваше 63 илјади долари, додека Кристин Баумгартнер привремено добиваше 129 илјади долари, што беше 100 илјади долари помалку од огромните 248 илјади што ги бараше првично.

Правната битка на Констнер со Кристин Баумгартнер се случува веќе некое време и стана прилично јавна.

Поранешниот пар, родители на тинејџерите Кејден, Хејс и Грејс, поднеле барање за развод по 18 години брак. Кога започна судската битка, Кристин мораше да го промени живеалиштето како што наложи судот.

Но Кристин одбиваше да се исели од домот додека не добие поголема сума пари за нов дом и за алиментација. Најпосле, мораше да си замине – но таа се пресели во помала куќа (куќа за персоналот) на самиот имот каде што престојува и денес. Извор близок до парот спомнува дека тоа е привремено решение додека таа „се уште бара друга куќа“.

„Таа останува во областа за да не го наруши животот на децата“, објасни изворот, „Тие ќе се вратат на училиште наесен со своите пријатели“. Иако ситуацијата меѓу двојката е комплицирана, „Кристин се обидува да одржи сè што е можно понормално. Нејзиниот единствен фокус се децата“, додава изворот за американските медиуми.

По одлуката на судот, Кевин Костнер одговори на неколку прашања за неговата врска со Кристин и јавно изјави дека „некако во овој необичен свет не успеавме да го сочуваме бракот и жал ми е поради тоа“.

Слични објави

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт од Канал 5 открија што ги нервира кај нив

msp-admin

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо
Се вчитува....