5.8 C
Скопје
02:23 - 1 април, 2026

Ќерката на Ким Кардашијан Норт Вест има свој бренд за нега на кожа и за играчки

Следејќи ги стапките на нејзината мајка, Норт Вест сега има заштитна марка која може да прерасне во блиска иднина во сопствен бренд за убавина и за играчки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NORTH WEST (@_north__west)

Се чини дека ќерката на Ким Кардашијан Норт Вест крои пат за внимателно да ги следи стапките на нејзината мајка. Ким Кардашијан поднела четири трговски марки под името на нејзината 9-годишна ќерка за нови компании за убавина и играчки.

Норт Вест е најстарата ќерка на Ким Кардашијан и нејзиниот поранешен сопруг Канје Вест. Според информациите на The US Sun, Ким поднела и заштитни логоа за марки за нејзините три други деца, Сент (7), Чикаго (5) и Псалм (3).

Изворите не можат да кажат кога овие компании ќе започнат со работа, но според поднесувањето на трговската марка, компанијата за убавина ќе вклучува „серуми, масла за лице, гелови за капење и туширање, како и козметика“. Мајката Ким, која знае одлично да води бизнис, успешно лансираше неколку свои компании, вклучително и SKIMS, чија вредност е над 3,2 милиони.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NORTH WEST (@_north__west)

Компанијата за играчки на Норт Вест ќе вклучува „едукативни играчки, фигури, кукли, додатоци за кукли, играчки за цртање, играчки за доенчиња, механички акциони играчки, играчки сетови за акциони фигури, меки играчки, играчки за капење“.

Под марката е забележано дека фирмата ќе се занимава и со „детски едукативни играчки за развој на фини моторни и когнитивни вештини, музички играчки, храна – играчки, садови за готвење, теретани за бебиња, топки и игралиште за деца и спортски топки“.

Заштитни знаци беа поднесени и за трета и четврта компанија кои се во секторот за рекламирање и забава, вклучително и поп-култура и медиуми.

Дуото мајка и ќерка споделуваат заеднички профил на Тик Ток, која достигна над 15,4 милиони следбеници.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....