34.4 C
Скопје
17:42 - 2 август, 2026

Ќерката на Ена Беговиќ ја наследила убавината од мајка си, но се одлучила за живот далеку од рефлекторите

Ена Беговиќ важеше за една од најубавите актерки на овие простори, но нејзиниот живот трагично заврши во сообраќајна несреќа кога имаше само 40 години. Зад себе ја остави ќерката Лана, која во моментот на смртта на нејзината мајка имала само 45 дена.

Денес Лана е израсната во убава и образована млада жена за која многумина истакнуваат дека убавината ја наследила токму од мајка си.

Во текот на растењето на Лана, голема улога во нејзиниот живот имала нејзината тетка, актерката Миа Беговиќ, која, според извори, ѝ била како втора мајка. Иако Лана се трудела да ја запознае својата мајка преку нејзините фотографии, улоги и приказни од луѓето што ѝ биле блиски, токму љубовта што ја чувствува кон неа ѝ дава сила да го живее животот со полни гради.

Лана често ја истакнува и блискоста со својот татко, Јосип Раделјак, некогашен инженер и бизнисмен од Сплит.

Зборувајќи за поддршката што тој ѝ ја дава, Лана вели:

– Често ми дава совети, без разлика дали станува збор за деловни или приватни ситуации. Со оглед на неговото богато искуство, секогаш има што да сподели со мене, а неговите гледишта многу ми помагаат. Иако меѓу нас има голема разлика во години, би рекла дека сум му слаба точка, па кон мене се однесува со многу внимание и поддршка.

Иако многумина очекувале дека ќе тргне по стапките на мајка ѝ, особено откако на само 13 години добила понуда да застане пред филмските камери, Лана сепак се одлучила за живот далеку од рефлекторите и медиумите, трудејќи се максимално да ја зачува својата приватност. Дури и на социјалните мрежи е многу малку активна.

Целосно се посветила на образованието. По завршувањето на приватно основно училиште, се запишала на Британското меѓународно училиште во Загреб, а подоцна матурирала во елитната загрепска XV гимназија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lana Radeljak (@radeljaklana)

Својот академски пат го крунисала во Италија, каде што се преселила во Милано и дипломирала економија и менаџмент на престижниот универзитет „Бокони“.

Љубовната идила започната преку „MasterChef“

Покрај професионалните и академските успеси, Лана веќе три години ужива во стабилна емотивна врска со момчето Антонио.

Двојката се запознала под многу интересни околности – во периодот кога Антонио се пријавувал за популарното кулинарско натпреварување „MasterChef“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lana Radeljak (@radeljaklana)

Опишувајќи го нивниот заеднички живот и неговите кулинарски вештини, Лана истакнува:

– Бев покрај него во текот на целиот процес. Морам да признаам дека често бев „морско прасе“ додека вежбаше и експериментираше со јадењата. Во секојдневниот живот најчесто тој го презема готвењето бидејќи навистина го сака тоа, а јас воопшто не се бунам.

Таа не го крие воодушевувањето од својот избраник, кого го пофалила не само како готвач, туку и како извонреден спортист кој истрчал маратон во Виена и посветено се подготвува за нови предизвици.

– Тој е една од најдобрите личности што сум ги запознала, човек кој секојдневно внесува мир и позитивна енергија во мојот живот. По природа е многу оптимистичен, буквално секој ден се буди со насмевка на лицето. Неговата енергија е заразна и неверојатно позитивно влијае на сите околу него, па така и на мене… Неговата посветеност и дисциплина ме инспирираат и јас да бидам подобра верзија од себе. Многу е интелигентен и сочувствителен и многу сум благодарна што го имам во мојот живот – изјавила гордо наследничката на Ена Беговиќ.

Instagram

Слични објави

(Фото) Овој детаљ секогаш го носи на себе: Слобода Миќаловиќ во модерен костим за капење на едно рамо, изгледа подобро од пред 20 години

Еспресо

Емотивен момент на концертот во Сараево: Дино Мерлин јавно ја искажа својата љубов кон сопругата Амели првпат на овој начин

Еспресо

Сочните коцки со свежи праски се вистинско летно совршенство – се подготвуваат лесно и секогаш успеваат

Т.Ц.

Јелена Карлеуша се смири со Душко, па шокираше: Имам чувство дека сонувам, ќе биде како бајка

apostolova

На секој час станете и прошетајте: Оваа мала навика може да го намали ризикот од рак, покажува истражување

Т.Ц.

(Фото) Проѕирен комбинезон и долна облека во боја на кожа: Провокативното издание на Николина Пишек, реагираше и нејзината колешка

Еспресо
Се вчитува....