10:56 - 30 јануари, 2026

Кејт Мос: „За Џони Деп можев да ја кажам само вистината“

„Можев само да ја кажам вистината“. Кејт Мос за прв пат зборува за сведочењето во корист на Џони Деп во судскиот процес против Амбер Херд и тоа го прави со цврстина што не остава простор за сомнеж: „Ја знам вистината. Знам дека не ме турна по скалите и морав да ја кажам оваа вистина“, рече таа во култното интервју за радио емисијата Desert Island Discs на BBC.

Кејт Мос, која беше во врска со Џони Деп помеѓу 1994 и 1998 година, беше повикана како сведок од адвокатите на Деп, откако Амбер Херд, која го обвини нејзиниот поранешен сопруг за семејно насилство, тврдеше дека, во времето на нивната врска, Џони Деп ја турнал по скалите додека биле на одмор на Јамајка.

Кејт Мос се вклучи онлајн во судницата со видео од само 5 минути и рече дека тоа било само несреќен случај: „Излегувавме од собата и Џони замина пред мене, но имаше бура и скалите беа лизгава. Паднав и го повредив грбот. Врескав, вистина е, но бидејќи чувствував голема болка и не знаев што се случи, не знаев дали ситуацијата е сериозна“. Супермоделот потоа додаде дека нејзиното тогашно момче веднаш притрчало да ја спаси: „Џони истрча да ми помогне, ме врати во мојата соба и повика лекар“, им кажа на адвокатите во одбрана на Деп, во судницата во Вирџинија.

Нејзиното сведочење значеше многу во одбарана на Деп, а против сведочењето на Амбер Херд, но Кејт Мос повтори на радио дека не направила ништо друго освен што ги кажала работите токму онакви какви што биле.

„Верувам во вистината и верувам во правдата“, изјави таа, потсетувајќи се и на времето кога сведочеше во корист на дизајнерот Џон Галијано, осуден во 2011 година за антисемитизам во Франција. „Знам дека Џон Галијано не е лоша личност, но имаше проблем со пиењето. А кога пиеш повеќе не си ти, кажуваш работи што никогаш не би ги кажал кога би бил трезен“.

Кејт Мос и Џони Деп во среќните денови на нивната врска, фото – Инстаграм

Иако разделбата со Деп беше еден од најболните настани во животот на англиската манекенка, поранешната двојка остана во одлични односи.

„Плачев со години кога раскинавме“, изјави Мос во минатото за Венити фер.  „Никој пред Џони навистина не се грижеше за мене и јас слепо му верував. Тоа беше референтна точка и тоа беше она што најмногу ми недостасуваше кога заврши врската меѓу нас“.

Слични објави

Едита Арадиновиќ има здравствени тегоби во бременоста: „Сѐ ме снајде, само уште вода во колената немам“

Еспресо

(Фото) Безобразно позира: Ѓина Џиновиќ во тесен фустан со прорез ги истакна бујните атрибути

Еспресо

(Фото) Ела Дворник направи драстична промена на изгледот предизвика лавина реакции, се огласи и Северина

Еспресо

Дневен хороскоп за 30 јануари: Ослободете се од грижите

apostolova

Пејачката откри дали се слушнала со Јована Јеремиќ по скандалот во емисијата: „Таа многу ме повреди“

E.A.

Харис Џиновиќ се огласи по веста дека Мелина е свршена со богат Британец: Еве што рече…

Еспресо
Се вчитува....