14:07 - 31 јануари, 2026

Кејт Мос проговори за подарокот што го добила од Џони Деп за време на врската: „Ја ставив раката во неговите панталони и извадив ланче“

Супермоделката Кејт Мос во новото видео за британскиот Вог се потсети на интересната случка што ја имала за време на нејзината врска со глумецот Џони Деп.

Супермоделот откри дека актерот и го подарил првиот дијамантски ѓердан, а тоа го направил на прилично необичен начин.

Се спремавме да одиме на вечера, а тој рече: „Имам нешто во задникот, можеш ли да погледнеш? Ја ставив раката во неговите панталони и извадив дијамантски ѓердан -раскажува Мос.

Кејт Мос и Џони Деп беа заедно од 1994 до 1998 година и важеа за еден од најубавите и најскладни ѕвездени парови. Според Кејт, по нивната разделба се соочила со депресија: и биле потребни неколку години да го заборави актерот. Двојката и денес одржува пријателски односи, а Кејт се појави преку видео во судницата во која се судеа Деп и поранешната сопруга Херд, за да сведочи во полза на Деп.

Во новото видео снимено за Вог, супермоделот кажа и дека нејзината ќерка Лила Грејс, која сега се занимава со манекенство, го критикувала нејзиниот имиџ на ревијата на Вивиен Вествуд во 1993 година, каде Мос се појавила во многу кратко здолниште и топлес и јадела сладолед додека се движела по модната писта.

Лила ми рече: „Мамо! Ова здолниште е толку кратко!“.

Сепак, Кејт ја одбрани колекцијата која ја рекламирала велејќи дека е среќна што имала такво искуство. Супермоделката си ја пофали ќерката дека има убаво чувство за стил.

„Ја прашувам за совет. Таа не ме прашува мене, но јас ја прашувам неа“- додаде Кејт.

Лила е родена во 2002 година, таткото на девојчето е издавачот Џеферсон Хек, со кого Мос беше во врска од 2001 до 2004 година.

 

Слични објави

„Неколку дена пред да го запознаам Каспер сакав да се замонашам “: Мина Костиќ за малку ќе оставела сè

E.A.

(Видео) Го препознавате ли ова малечко дете? Денес е значајно име на македонската музичка сцена

Еспресо

Сите го сакаа, а таа го освои со мал гест: Љубовната приказна на Вељко Ражнатовиќ и Богдана Ражнатовиќ

Еспресо

Дневен хороскоп за 31 јануари: Искористете го денот за одмор

apostolova

Хороскоп за 31 јануари: Биковите треба да ги следат правилата, Јарците да избегнуваат стресни ситуации

Еспресо

(Фото) Ана Николиќ повторно во топ-форма: Го покажа згодното тело во проѕирен комбинезон

Еспресо
Се вчитува....