8.8 C
Скопје
23:05 - 27 октомври, 2026

Кејт Мидлтон јавно се извини: „Жал ми е…“

Британската принцеза Кејт Мидлтон испрати писмо со извинување до ирската гарда, чиј полковник е токму таа, поради пропуштањето на денешната воена парада додека се бори со ракот.

„Голема чест е да се биде ваш полковник. Многу ми е жал што нема да бидам присутна“, напиша принцезата во писмото до командантот на ирската гарда, додавајќи дека се надева дека ќе се врати „многу брзо“.

Кејт го замолила и да му го пренесе нејзиното извинување на целата гарда, пренесува Ројтерс. Парадата на ирската гарда се одржува една недела пред Trooping of the Colour, со кој официјално се одбележува роденденот на британскиот монарх.

Кејт во март објави дека по операцијата на абдоменот во јануари ѝ бил дијагностициран рак и дека моментално е на хемотерапија.

Слични објави

(Фото) Ксенија Николова се врати во маалото каде што пораснала: „Мислев дека овој парк е целиот свет“

К.С.

Реља првпат проговори за венчавката со Николија: Откри кој го направил првиот чекор кон бракот

Еспресо

Јована Јеремиќ ги спакува куферите и ја напушти Србија: Водителката откри каде отпатувала

Еспресо

Никола Роквиќ раскажа како молитвата на Света Петка му донела голема радост: „Не можев да изустам ниту збор“

Еспресо

(Фото) Ќеркичката на Емра Куртишова и Петар Стојанов наполни три години: „Секоја фотографија, една мала приказна за љубовта наречена Лена“

Еспресо

„Стомакот ми беше полн со крв“ Теа Таировиќ се огласи од болница по операцијата

Еспресо
Се вчитува....