06:36 - 7 април, 2026

„Ќе ти ги скршам сите вештачки заби“: Мина Костиќ и Каспер добиваат страшни закани

Љубовната врска на пејачката Мина Костиќ и Мане Ќурувија Каспер веќе месеци е главна тема во јавноста. Љубовта започнала преку социјални мрежи, а откако се сретнале во живо, врската стана уште посилна, па дури и се верија пред камерите.

За Мина и Каспер скоро сите имаат мислење, додека едни ги поддржуваат, други мислат дека врската нема да успее.

Сепак, одреден број луѓе помислиле дека можат да преминат граница на почит и да им се закануваат на парот.

Каспер сподели на Инстаграм една порака која ја добил во инбокс:

„Кловн еден, да те е*** во уста. Ќе ти ги скршам сите тие вештачки заби каде и да те видам“.

Неговиот одговор бил жесток, но смирен:

„Боже, прости им, не знаат што прават. Целта на оваа порака беше да се плашам. Не успеаја во тоа, но успеаја да ме натажат колку луѓето се претвриле во омраза и насилство“.

Каспер се врати во Америка

Да потсетиме, Каспер на 1 февруари се вратил во Америка. Пред заминувањето од Србија, тој и Мина за „Блиц“ зборуваа за плановите за наредниот период:

„Тој патува, но ќе се врати брзо. Ќе бидеме во контакт како и до сега. Човек сè издржува, има телефони. Мора да оди, има таму работа и живот. Ќе биде сè како што треба“, изјавила Мина.

На прашањето дали ако Мина е бремена ќе се врати од Америка, тој одговорил:

„Даде Бог да е бремена, планираме и венчавка и веселба. Не сме прецизирале кога ќе биде венчавката, но реално е кога ќе биде убаво време. Оваа година ќе биде токму како што ја започнавме, година на љубов. Тоа е нашата порака од првиот ден. Нека секој се пронајде таму каде што љубовта живее“.

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....