08:58 - 13 ноември, 2026

„Кажува добри работи за нејзини години“: Коки Јанков откри колку му значи мислењето на ќерката

Музичарот Коки Јанков раскажа лична приказна за својата ќерка Лара, која има 17 и пол години, откривајќи колку му значат нивните разговори и времето што го поминуваат заедно. Тој призна дека е своеглав кога носи одлуки поврзани со музиката, но дека често го слуша мислењето на ќерка си, која знае да му даде добри совети.
Гостувајќи во емисијата „Магазин“ на телевизија Сител, Коки зборуваше за семејството, музиката и луѓето чие мислење му значи, а особено се осврна на односот со својата ќерка.
„Јас малку сум своеглав за тие работи. Кога ќе намислам нешто, дека таа песна така треба да биде, секогаш не успевам во тоа, ама ми успева во дадени моменти. А генерално, ќерка ми е веќе сега 17 и пол години. Доста околу некои работи ја пробувам, ја тестирам да видам како реагира. Не дека ми е ќерка, туку добро е дома да се сподели човек со најмилото, нели? Да си разговара по повод овие работи што ги збориме. Всушност, тие работи, да. Кажува добри работи за нејзини години“, рече Коки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Koki Jankov (@kokijankov)


Музичарот истакна дека, покрај семејството, важен показател за неговата работа се песните, публиката и луѓето што биле дел од неговиот музички пат. Меѓу нив ги спомена и семејството на неговиот покоен музички партнер Дуле, како и своето семејство.
Коки Јанков се подготвува за големиот јубилеен концерт „30 години Виолина и Гитара“, кој ќе се одржи на 14 ноември во Филхармонијата во Скопје, со почеток во 20 часот.
Со концертот ќе одбележи три децении музичка кариера, исполнета со настапи, хитови и соработки. Значаен дел од неговиот музички пат е долгогодишната соработка со Дуле, со кого го сочинуваше популарното дуо „Дуле и Коки“, кое остави препознатлив белег на македонската музичка сцена.
Јубилејниот концерт ќе биде можност публиката повторно да се потсети на песните и музичките моменти што ја одбележаа неговата кариера, но и на пријателствата и спомените што ги носи низ годините.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Koki Jankov (@kokijankov)

Слични објави

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо

(Фото) На синот на Вељко Ражнатовиќ во градинка му облекле здолниште – боксерот бесен реагираше: „Нема спас ни во малите места“

Еспресо

(Фото) „Ти недостасува внимание, мајсторе?“: Мина Костиќ жестоко му одговори на Ѓорѓе Давид откако тој го нарече Каспер дух!

Еспресо
Се вчитува....