7.8 C
Скопје
10:21 - 1 април, 2026

Кате од „Нели ти реков“ немала лесен живот: Пејачката раскажа за животната борба

Не ѝ било секогаш лесно на пејачката Кате од „Нели ти реков“. Кога дошла во Скопје од родната Ваташа кај Кавадарци, таа и сопругот немале свој дом.

Пејачката Катерина Танева-Ѓоргиев остана позната по прекарот „Нели ти реков“, групата со која настапуваше долги години. Во една прилика, кога гостуваше во емисијата „Возење во Вучиќ“, кај нашиот познат музичар и водител, за жал покојниот Драган Вучиќ таа раскажа дел од нејзиниот живот.

„Основното училиште го завршив во Ваташа, средното училиште во Кавадарци, во гимназија.. Потоа почнав да се бавам со пеење со колегите, и факултет не завршив.

Имав многу работа. И сега кога им велам на децата: ‘Учете, средно е како да немаш ни основно, сите во денешно време докторираат, магистрираат…’“

Фото / фејсбук

Тие ми велат: ‘Зошто ти не си завршила?’ Им велам: ‘За мојата работа не треба факултет. Треба глас“, изјави Кате, а пото раскажа еден важен дел од нејзината животна приказна.

– Во Скопје сум од 1998 година. На почетокот бевме под кирија, па потоа во стан, па пак под кирија додека се градеше куќата, и сега сме од 2002 година во населба Припор, во сопствена куќа.

Во почетокот ми беше поубаво, зашто со помалку куќи беше населена населбата, сега има и згради доста и куќи, малку е гужва“, рече Кате во оваа емисија.

Таа во последно време почесто настапува со колегата Ѓоко Ѓорчев низ Македонија, а тој споделува видеа од нивните настапи.

Слични објави

Почина човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење, Биба Струја

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо
Се вчитува....