11:22 - 6 април, 2026

Катарина Живковиќ за односот со Лепа Брена: „Никогаш не сме биле другарки, но почитта е огромна“

Пејачката Катарина Живковиќ проговори за својот однос со Лепа Брена, нагласувајќи дека иако никогаш не биле блиски пријателки, меѓусебната почит секогаш постоела.

Таа се осврна и на тоа дали по јавната расправија имала повторен контакт со поранешната другарка Кристина Коцкар, при што беше многу јасна и кратка.

„Оваа група е фантастична, соработувавме за време на короната и многу ми е драго што повторно се случи тоа. Ми недостига музиката од нашата младост и местата каде што можеме да ги слушнеме песните што ги сакам е од деца. За време на пандемијата клубовите не работеа, сите знаеме каква беше ситуацијата, но преку социјалните мрежи имавме забава и тоа беше одлична реклама,“ изјави Каќа, па продолжи:

„Јас и Бренa никогаш не сме биле другарки, но отсекогаш постоела голема почит. Ми беше чест што беше дел од мојата прослава. Не се дружиме приватно, но искрено ја почитувам и ја ценам. Кога го снимавме спотот имаше многу храна и пијалак, таа не е надмена жена и со сите се однесуваше како со пријатели“.

Катарина беше кратка и децидна и во врска со поранешната пријателка Кристина Коцкар, потенцирајќи дека по расправијата не стапиле во контакт.

„Не сакам да коментирам луѓе кои немаат свој живот и не сакам да се занимавам со глупости. Секој зборува за себе, сè што кажала е доволно јасно, така што би ставила точка на таа тема во секој поглед,“ изјави пејачката.

Слични објави

„Бебето личи на неа“: Кумот на Милица Тодоровиќ проговори за пејачката, откри кога ќе се врати на сцената

Еспресо

Мајка ми рече дека таа девојка не е за мене: Огнен Здравковски се отвори за љубовта

msp-admin

(Фото) Цеца Ражнатовиќ во тексас стајлинг од 9.000 евра, се облекла во „Шанел“ од глава до пети

Еспресо

(Фото) Партнерката на Лазар Ристовски повторно го привлече вниманието на јавноста

Еспресо

Дневен хороскоп за 6 април: Бидете внимателни во донесувањето на одлуките

apostolova

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.
Се вчитува....