7.8 C
Скопје
19:48 - 31 март, 2026

„Катаргејт“: Во домот и кај татко ѝ на Ева Каили пронајдени се над 750.000 евра, замрзнат имотот на потпретседателката на Европскиот парламент

Првите проценки на парите пронајдени во куќата на Каили и во куферот на татко ѝ зборуваат за над 750.000 евра.

Имотот на потпретседателката на Европскиот парламент, Гркинката Ева Каили е замрзнат. Ова го нареди грчката управа за спречување на перење пари во контекст на случувањата на таканаречената „Катаргејт“, скандал поврзан со Емиратите во корист на европратениците, а не само на Еврокомората. Истрагата го вклучува и поранешниот италијански европратеник Антонио Панѕери.

Во меѓувреме, се прави обид да се измерат парите пронајдени во домот на Каили во Брисел: износот во кеш запленет во домот на Каили и во торбите што ги носел нејзиниот татко кога бил уапсен е проценет на неколку стотици илјади евра.

Парите се уште не се избројани, но, според белгискиот весник „Л’Ехо“, првите проценки зборуваат за над 750.000 евра од кои 600.000 евра биле во куферот на таткото, а остатокот во домот на европратеничката.

 

Слични објави

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

„Ален немаше што да јаде кога Бреговиќ го избрка“: Мили ја откри вистината…

Еспресо

Сале Тропико доживеал мозочен удар додека бил со децата

Еспресо
Се вчитува....