5.8 C
Скопје
22:12 - 12 март, 2026

Карлеуша по 17 години прави преседан! Донесе одлука во врска со Атина и Ника, ова многумина чекаа да го видат!

Српската пејачка Јелена Карлеуша ќе зборува пред камерите за првпат во друштво на двете наследнички, Атина и Ника Тошиќ!

Мајката и ќерките ќе се појават заедно во емисијата на Огњен Амиџиќ „Амиџи шоу“ в вторник, 16 декември.

Во емисијата, Карлеуша ќе зборува за мајчинството, животните предизвици и вредностите што им ги пренесува на своите ќерки, додека Атина и Ника за првпат отворено ќе зборуваат за растењето со една од најпознатите мајки на Балканот.

Јелена ќе се осврне и на важните животни лекции, како и на начинот на кој на ќерките се обидува да им всади самодоверба, сила и автентичност. Пејачката ќе направи паралела помеѓу нејзиното воспитување и начинот на кој ги воспитува своите наследнички, како и сегашниот однос помеѓу нејзиниот поранешен сопруг Душко Тошиќ и неа.

Посебен дел од емисијата ќе биде посветен на односот помеѓу мајката и ќерките, нивната блискост, но и разликите во карактерите. Јелена отворено ќе зборува за своите стравови, дилеми и одговорноста што ја чувствува како родител.

Од друга страна, Атина и Ника ќе имаат можност за прв пат преку телевизија да се обратат на јавноста и да го споделат своето видување за светот во кој растат.

Тие ќе зборуваат за образованието, интересите, соништата и плановите, но и за тоа како е да се живее со мајка чие име е во центарот на вниманието секој ден.

Гледачите ќе имаат можност да видат природна семејна енергија, многу искрени моменти, смеа и емоции, но и да слушнат одговорени прашања што ја интригираат јавноста со години.

Слични објави

Фаталната Славонка со жешките фотографии откри дека нешто се крчка

Еспресо

Што ги очекува хороскопските знаци на поле на љубовта во втората половина на март

Еспресо

(Фото) Вељко Ражнатовиќ не се одвојува од синовите во Русија, покажа како го поминуваат времето

Еспресо

(Фото) „Засекогаш ќе бидеш во моето срце“: Дарко Лазиќ со емотивна објава се збогува со својот брат Драган

Еспресо

(Видео) „Ќе биде куку леле ако проговорам за Лепа Брена“: Зорица Марковиќ со жестоки тврдења

Е.А.

За поранешната девојка на Лука Дончиќ пишува цел свет: Која е Анамарија Голтес?

Еспресо
Се вчитува....