14:56 - 7 април, 2026

Карлеуша изненади со изјавата: Не сум разведена, живеам со Душко под ист покрив

Поп дивата Јелена Карлеуша синоќа гостуваше на модна ревија, а таа прилика ја искористи да проговори за својот однос со Душко Тошиќ.

Јелена и Душко се во центарот на вниманието на јавноста од почетокот на 2022 година, особено откако пејачката го пријави сопругот за насилство на 7 јануари.

После тоа нивната врска се најде под лупата на фановите, а во изминатите месеци ја информираа јавноста дека решиле да се разведат. Пејачката иако во неколку наврати ја менуваше приказната, дефинитивно ги изненади сите кога на споменатиот настан откри дека се уште живее под ист покрив со Тошиќ.

Исто така, додаде дека не е разведена.

– Не го спомнав разводот. Морам да кажам дека не сум разведена и дека живеам под ист покрив со Душко. Вечерва венчаницата беше дел од мојата улога, ако сакате уште една вистинска венчаница и брак, тогаш прво ќе морав да се разведам. Ако ја кажам вистината, можеби адвокатот на Душко повторно ќе ги повика медиумите да се изјасни, не можам повеќе да се занимавам со адвокати и проблеми – низ смеа истакна Јелена, па повторно ги збуни сите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)

Слични објави

(Фото) „Благословена сум“: Анастасија Ражнатовиќ во прегратка на Гудељ, не може да ја скрие среќата

Еспресо

Свршеницата на Саша Ковачевиќ е бремена, парот го очекува своето прво дете

Еспресо

(Фото) Еве како изгледала Ана Севиќ на почетокот на кариерата: Разликата по 16 години изненади многумина

Еспресо

Адам Адактар го прозва Милан Станковиќ: „Се навреди затоа што му наплативме за веѓите“

Еспресо

(Фото) Милица Тодоровиќ ја објави првата фотографија со синот Богдан: Го напуштија Белград, еве каде уживаат сега

Еспресо

(Фото) Најдобар татко на 4 деца: Сопругата не престана да го фали музичарот Папаз

msp-admin
Се вчитува....