11:58 - 6 април, 2026

Карлеуша искрено за Душко Тошиќ и неговиот нов бизнис: „Не би сакала да зборувам за покојници“

Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ

Веста дека поранешниот фудбалер Душко Тошиќ влегол во градежништвото и веќе заработува сериозни суми, одекна во регионалните медиуми. Според пишувањата, Тошиќ ја завршил изградбата на луксузна стамбена зграда во Земун, а сите станови се продадени уште пред финализацијата, што му донело милионска добивка.

Добро информиран извор за медиумите открива дека Тошиќ целосно се повлекол од угостителството и сега е речиси целосно посветен на градежните проекти, во кои го вложува капиталот стекнат од успешната спортска кариера и богатите фудбалски договори. Поранешниот репрезентативец неодамна купил и викендичка со базен во близина на Зрењанин.

Неговиот успех го прокоментира и поранешната сопруга, Јелена Карлеуша.

„Повеќе за… сакав да кажам покојниците, пу, пу, далеку било… не би. Јас сакам сите мои поранешни мажи да имаат успех во секој бизнис – сè додека редовно ја плаќаат алиментацијата“, изјави Карлеуша за јутјуб-каналот „Право лице естраде“.

Потсетуваме, таа и претходно јавно зборуваше за темата алиментација. На Инстаграм напиша дека со години самостојно се грижела за двете ќерки.

„Благодарна сум на Владата и на претседателот на Србија за законот за алиментациски фонд. Како жена која 16 години сама ги издржуваше и подигнуваше децата, со само повремена ‘милостина’ од нивниот татко од странство, овој закон е голема победа за сите мајки. Државата ќе ги исплаќа алиментациите од фондот, а потоа ќе ја наплатува обврската од родителите што ја избегнуваат својата одговорност“, напиша тогаш Карлеуша.

Слични објави

Мелани Тарчуловска: Татко ми го тераше дечко ми да ја чисти валканата гаража без ракавици

msp-admin

„Бебето личи на неа“: Кумот на Милица Тодоровиќ проговори за пејачката, откри кога ќе се врати на сцената

Еспресо

Мајка ми рече дека таа девојка не е за мене: Огнен Здравковски се отвори за љубовта

msp-admin

(Фото) Цеца Ражнатовиќ во тексас стајлинг од 9.000 евра, се облекла во „Шанел“ од глава до пети

Еспресо

(Фото) Партнерката на Лазар Ристовски повторно го привлече вниманието на јавноста

Еспресо

Дневен хороскоп за 6 април: Бидете внимателни во донесувањето на одлуките

apostolova
Се вчитува....