-2.2 C
Скопје
22:43 - 21 ноември, 2024

Како му било на Борис Бекер во најозогласениот затвор? „Научив тешка лекција, многу скапа и многу болна“

Борис Бекер излезе од морничавиот затвор во Велика Британија, и даде интервју (за договор од пола милион).

Во интервјуто за ТВ Сат1 (делови од него набргу го обиколија светот) Бекер изјави дека времето што го поминал во затвор го променило како човек. Целото интервју еќе се емитува вечерва.

Инаку, Бекер отслужи само осум месеци од две и полгодишната казна, а во меѓувреме беше критикуван од затворениците и нивните семејства дека наводно уживал одредени привилегии.

„Мислам дека повторно ја открив личноста каква што бев порано. Научив тешка лекција. Многу скапа. Многу болна. Но, целата работа ме научи нешто важно и добро. А, некои работи се случуваат со причина“, кажа Бекер во интервјуто за германската телевизија Сат1.

Бекер беше осуден во април годинава за прикривање милион евра вреден имот при прогласување банкрот. По ослободувањето, тој веднаш отпатува за Германија со цел да избегне депортација.

„Во затвор, вие сте никој. Вие сте само бројка. Мојата бројка беше А2923ЕВ. Бев бројка и гајле им е кој сте“, рече Бекер (54) во интервјуто.

Бекер беше осуден за даночни прекршоци, а беше затворен во еден од најлошите затвори во Англија.

Затвор – кошмар!

Затворот Вандсворт, како што своевремено известуваа британските медиуми,  е викторијанска зграда стара 170 години, пренатрупана (над 1.300 луѓе) и нападната со глувци. Затворениците поминуваат повеќе од 22 часа дневно во трошни ќелии.

Според зборовите на Чарли Тејлор, главен инспектор на затворите, злоупотребата на дрога и проблемите со менталното здравје се многу присутни во овој затвор: група затвореници беше опишана како одат „трепкајќи на сончева светлина“ по повеќе од една недела во затворен простор. А затворскиот персонал употребил сила 1.295 пати само во една година, односно речиси четири пати на ден.

Дејли мејл ги опиша првите часови на Бекер во затвор

Откако бил осуден на Судот во Саутворк, Бекер, со своите работи во торба Пума, бил со затворско комбе одведен на 45-минутното возење низ јужен Лондон до затворот, односно на две милји од централниот суд од Вимблдон, каде што Бекер ја освои својата прва од трите титули на Вимблдон во 1985 година на 17-годишна возраст.

По чекањето во просторот за прием, на шесткратниот Грен слем шампион веројатно му било кажано да се соблече и потоа бил претрсен за проверка на забрането оружје или супстанции.

Бекер потоа бил интервјуиран за да се процени ризикот од самоубиство или самоповредување, пред да биде одведен во ќелијата Е-Винг, каде што новите затвореници престојуваат за време на тридневен период на прилагодување. Ако стасал во затворот до 19.30 можеби имал време за туширање. Ако не, морал да чека уште 24 часа. Неговата прва ноќ веројатно била застрашувачка.

Ужас зад решетките!

Весникот потоа ги објави сведочењата на некои затвореници ослободени од тој затвор. Сите тие опишаа начин на живот далеку од она на што беше навикнат Бекер. „Ако имал среќа, бил префрлен во H-Wing, наречен Риц од страна на работниците во затворот. И покрај што го споредуваат иронично со хотелот „Риц“, таму има само шест тушеви за 86 ќелии, од кои повеќето имаат по двајца затвореници. Единствениот начин да се преживее, своевремено објасни Тејлор, е да се остане надвор од проблемите. Но, сигурно дека поранешната тенисерка ѕвезда, смета тој, била „преплашена“ првата вечер.

За останатите вечери ќе ги почекаме пикантериите од интервјути.

Слични објави

Поранешна помошничка на Лепа Брена откри каква е пејачката приватно: Eдна работа никогаш нема да ѝ ја заборави

Еспресо

(Фото) Босански пејач доживеа сообраќајна несреќа во центарот на Белград! Автомобилот му е целосно уништен

Еспресо

(Фото+видео) Неда Украден подготвена за куќната слава, пејачката виткаше сарма со внуката

Еспресо

(Фото) Тело како на божица! Наташа Беквалац во проѕирен тил ги покажа градите и рамниот стомак

Еспресо

(ФОТО) Дарко Лазиќ и Катарина ја крстија ќерката: Малата Срна е преслатка во бел фустан со панделка на глава

Еспресо

(Фото) Анастасија Гудељ засукала ракави и направила пита: Рецептот се подготвува брзо и лесно

Еспресо
Се вчитува....