8.8 C
Скопје
15:05 - 21 февруари, 2025

Како ќе биде погребан актерот Ален Делон: Неговата придружничка „не е добредојдена на погребот“

Легендата на француската кинематографија Ален Делон, кој почина на 89-годишна возраст на 18 август, ќе биде погребан утре, на 24 август, на неговиот имот La Brulerie во областа Соулс, јавува BFM TV. Дозвола за ваква „исклучителна“ постапка издава само областа. Дозволата од Комисијата на областа со која се дозволува погребот на актерот да биде на неговиот имот, односно во неговиот дом, е потпишана на 20 август. Овие информации биле пренесени на неговото семејство, на градоначалникот, на регионалната здравстви установи и на директорот на Погребално.

Погребот ќе се одржи во 17 часот по локално време, а ќе го изврши поранешниот бискуп на градот Гап, 82-годишниот монсињор Жан-Мишел Ди Фалко, на лично барање на починатиот актер.  Токму тој го одржал и погребот на 20-тиот претседател на Франција, Валери Жискар д’Естен, во декември 2020 година.

Ди Фалко и Делон се запознале пред многу години. Актерот бил длабоко религиозна личност и уште во 2018 година почнал да се исповеда во црква.

„Таа е жената на светот што најмногу ја сакам (…) и со која најчесто разговарам (мислејќи на Дева Марија, богородица)“, рече своевремено тој.

Според тестаментот на починатиот, неговото збогување ќе се одржи во најстрога приватнот во присуство само на неговите три деца – Ентони, Анушка и Ален-Фабиен – и околу 40 гости од неговите најблиски пријатели и колеги. Поранешната придружничка на Делон, 66-годишната Хироми Ролин, не е поканета на погребот, поради нејзините изјави во јули 2023 година дека преживејала семејно насилство. Сепак, според француските медиуми, таа се надева дека ќе присуствува на погреботна Делон, па дури и побарала од посредници да интервенираат околу тоа.

Инаку, Ролин живеела со Делон 17 години и била негова пријателка и старателка. Таа во медиумите тврдела дека ќерката на Делон, Анушка, заедно со нејзините браќа и сестри Ален-Фабиен и Ентони, одбиле да и дозволат да го види по неговата смрт.

„Се сакавме 30 години и јас бев разделена од Ален неправедно, грубо и сурово. Неговите деца дури и не ми дозволија да се збогувам со неа“, вели Ролин за француските медиуми.

Слични објави

(Фото) На Теодора Џехверовиќ ѝ коментараа дека се здебелила, па таа возврати: „За тебе сум најдобра!“

apostolova

Дедото на Вељко Ражнатовиќ му одржа лекција на зетот: Му ја даде раката на својата најмлада ќерка, па му покажа со кого си има работа

apostolova

(Фото) Ниту мајка ѝ не би ја препознала без шминка! Вака изгледа Мелина во теретана! 

Еспресо

(Фото) Ова е идната снаа на Харис Џиновиќ и Мелина: Исплива фотографија од Кан и неговата атрактивна девојка

Еспресо

(Фото) Лазар Ристовски и 39 години помладата Аница ги покажаа телата во костими за капење држејќи се за раце

Еспресо

„Го издржувам, некои велат дека е со мене за пари“: Верица Ракочевиќ откри сѐ за приходите на нејзиниот 35 години помлад сопруг

Еспресо
Се вчитува....