22:54 - 10 јануари, 2026

Како изгледа исхраната на Моника Белучи? Не сака да вежба, а до ова мени се придржува со години

моника белучи

Италијанката Моника Белучи признава дека не е љубител на тренинзи и вежбање и дека обожава добра храна, но кога случајно ќе претера со вкусната храна, воведува седумдневен план на исхрана. На тој начин го чисти телото од насобраните токсини, го забрзува метаболизмот и ја обновува структурата на телото.

Исхраната на Моника Белучи е оптимална бидејќи содржи доволна количина на овошје и зеленчук, богата е со витамини, микроелементи и растителни влакна. Бидејќи користи мед, не чувствува често потреба од слатки. Сите јадења се подготвуваат многу едноставно, што е совршено за оние кои имаат малку слободно време. Диетата се состои од петдневни оброци, но два дена од планот се применуваат и во сабота и недела.

Прв ден

Појадок: 150 мл природен и незасладен јогурт со парчиња јаболко

Ручек: 200 грама варено говедско месо, 200 грама салата со 1 лажичка маслиново масло, парче пченкарен леб

Вечера: чинија свежи јагоди, 150 грама ориз со една лажица маслиново масло и 50 грама рендано сирење, 150 грама салата

Втор ден
Појадок: шолја кафе без шеќер, тост и лажица бобинки или џем од овошје

Ручек: омлет од 3 јајца, 2 мали варени тиквички, парче интегрален леб

Вечера: 150 грама варено посно месо, салата

Трет ден
Појадок: шолја зелен чај (со лимон), тост со мед, грејпфрут

Ручек: 200 грама варен или печен компир со магдонос или копар, 100 грама сирење со малку маснотии

Вечера: 170 грама шпагети со маслиново масло

Четвртиот ден
Појадок: незасладен јогурт со малку маснотии со 2 лажици мед, 40 гр сирење

Ручек: 100 грама ориз, 100 грама варени тиквички, 100 грама варено говедско месо

Вечера: чинија со кое било овошје, 200 грама варена посна риба, салата со маслиново масло, парче леб

Петти ден
Појадок: чаша свежо исцеден сок, два солени крекери

Ручек: 100 грама шпагети, зелена салата со маслиново масло, портокал или грозје

Вечера: 250 грама салата од зеленчук, со малку мешунки, овошје

 

Слични објави

„Сакаше да се омажи за мене ако ѝ купам стан и автомобил“: Познат пејач добил директна понуда од Мина Костиќ

Еспресо

Почина мајката на Перо Камиказа: Музичарот објави трогателна фотографија и објава

Еспресо

ВИДЕО | Ела Дворник откри долго чувана семејна тајна: „Мојот татко имаше сериозна болест“

Е.А.

Песната на Лепа Брена не познава граници: Девојка од Германија ги воодушеви сите со изведба на нејзиниот познат хит

Е.А.

(Фото) Азис ја започна 2026 година со одмор на Хаваи

Е.А.

Северина објави ретка фотографија од синот Александар: Сличноста е вневеројатна

Е.А.
Се вчитува....