10.8 C
Скопје
10:03 - 24 март, 2026

Каде вечерва: Во театар на „Кец на десетка“

Вечерва во Македонскиот народен театар, со почеток од 20 часот на малата сцена ќе се одигра претставата „Кец на десетка“. Автор на текстот е Митко Бојаџиски, а режисерската палка ја делат Драган Спасов – Дац и Јордан Симонов.

За “едноставната мисија“:
Кога едно сосема нормално семејство ќе се собере за да се запознае со идниот зет, се очекува секој да даде сѐ од себе, да ги смири своите човечки слабости, ако ги има, нели, да ги потисне внатрешните проблеми, не толку сјајните карактерни особини, фактот дека можеби сте пред развод… Се очекува да оставите максимален впечаток на другата страна, до степен да се прашува со што ја заслужил таа неверојатна среќа да ве сретне токму вас како прибежиште, како иднина, како судбина…

Улоги: Таткото Доксе – Александар Микиќ, Мајката Грациела – Тања Кочовска, Ќерката Ана – Нина Деан/Софиа Насевска-Трифуновска, Тоше – Ивица Димитријевиќ/Стефан Спасов

Билетите по цена од 300 денари се во продажба на билетарницата во МНТ и онлајн преку веб-страницата www.mnt.mk

Слични објави

„Тогаш Бог почнува…“: Лазиќ ноќеска објави снимка од дворот во Брестач

E.A.

Живеевме заедно со Ивона Јо: Тамара Волческа се отвори за несогласувањата со пријателката

msp-admin

Дневен хороскоп за 24 март: Денеска е вистински ден за справување со тешки задачи

apostolova

Чипка, корсет и подвески: Сидни Свини сама си е најдобра реклама

Еспресо

„Не седев дома, бидејќи имам дете кое доцни во говорот“: Гога Секулиќ откри низ што поминува по смртта на мајка си

apostolova

(Фото+видео) Сенида направи трансформација на изгледот: Пејачката ги искомбинира русите прамени со драматичен црн аутфит

Еспресо
Се вчитува....