04:37 - 20 февруари, 2026

Каде вечерва: На концерт на Марија Каева и Мирко Попов Квартет

Јавна Проба е искрена и сериозна музичка понуда, која ви носи висококвалитетен авторски бенд секоја седмица, во еден од најромантичните концертни простори во градот.

Поткровјето на Public Room располага со романтична интима, но и потенцијал за совршена концерт на некои од најдобрите бендови со кои располагаме како куратори на вечерта. Замислете си една волшебна ноќ, во која топ бенд свири само за вас и вашите пријатели. Проба? Концерт? Дали е важно?

Вечерва Јавна Проба Ви нуди вистинска дива, автор(ка) и супер лик: Марија Каева и нејзиниот состав. Можеби ја познавате од „Фројд е жив,а ти си неодлоив“; можеби од „Здраво, те сакам“ периодот; а можеби сте запознаени со нејзината најнова авторска работа, албумот „Фортуна“ преполн со фантастични песни, кој излезе пред малку повеќе од година дена. Секогаш топ во живо, ќе биде придружувана од Дино Милосављевиќ (тапани) и Владан Дробицки (електроника), две врвни имиња на современата македонска музика.

За концертот на Марија Каева ќе загрее Мирко Попов Квартет, соло проект на еден од најактивните ликови на нашата музичка сцена во последниве 30 години. Мирко Попов Квартет е проект во подем, а ова е еден од неговите први настапи. Гарантираме ќе биде мошне интересно, а и погодно за танц.

Марија Каева (и Мирко Попов Квартет) гарантираат елегантен старт на нашиот концепт „Јавна Проба“.

Вашиот билет по цена од 300 денари можете да го набавите во Public Room, поради ограничениот капацитет можете да резервирате билети на 078250554.

Слични објави

Јаков Јозиновиќ проговори за приказните за авторските права, но и на обвинувањата дека „позајмил“ песна од колега

Е.А.

„Поради него ми закануваат со смрт“: Новата врска на Гастоз и Тина Аморе предизвика бурни реакции на фановите

Е.А.

Рада Манојловиќ купила стан за 250.000 евра, а луѓето ја исмејувале затоа што возела „пежо“

Еспресо

„Не е вистина дека ми се слошило“: Снежана Ѓуришиќ се огласи по скандалот со синот

Е.А.

(Фото) Српскиот тенисер ужива со фаталната актерка на планина: Сите зборуваат колку е убава

Еспресо

Пејачката на 43 години отвори конкурс за брак – може и мажи и жени: „Јас ќе одлучам!“

Еспресо
Се вчитува....