5.8 C
Скопје
05:36 - 1 април, 2026

Каде вечерва: Култната претстава „Да го поздравиш и да ми го бациш“ на репертоар во МКЦ

Овој вторник 28.3.2023, со почеток од 21 часот во Младинскиот културен центар (Џебно кино) ќе се одигра претставата „Да го поздравиш и да ми го бациш“, во режија на Билјана Радиноска.

Да го поздравиш и да ми го бациш е документарна претстава, авторско дело на четворица актери и еден режисер. Ја раскажува приказната за растењето, за соништата за себеостварувањето и за соочувањето со општествените механизми на функционирање. Темите што се отвораат во претставата (уметноста во себе, надежите, стравовите, борбите за остварување на креативниот потенцијал…) се одраз на личните искуства на актерите и зборуваат за борбата за индивидуална слобода.
„Каков треба да биде театарот денес? Кое е неговото место во општеството? Кое е местото на младинците во општеството во кое живееме? Претставата зборува и за: емотивната слика на индивидуалниот внатрешен конфликт помеѓу интутитивното и рационалното, слика за вакуум просторот помеѓу „каков сакаме да биде животот“ и „каков животот навистина е“ итн. Севкупно, актерите на сцена поставуваат прашања и отворат дилеми барајќи начин да ги одговорат.“

Играат: Бојан Кирковски, Наташа Петровиќ, Ненад Митевски, Симона Спировска

Претставата не е наменета за лица под 16 години. Билетите се достапни на билетарница во МКЦ и онлајн преку bileti.mkc.mk

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....