7.8 C
Скопје
23:23 - 30 март, 2026

Јована Јеремиќ во одбрана на Северина: „Ќе ја заштитам, а ја оправдувам и снимката од јахтата“

И водителката Јована Јеремиќ се осврна на актуелната тема која предизвика бура во јавноста – приведувањето на пејачката Северина Вучковиќ на српската граница.

Северина во неделата на 25 август беше приведена на разговор на српската граница, што предизвика големо медиумско и јавно внимание.

Српската полиција спровела редовна постапка, како и за сите лица чии изјави српските државни органи ги сметаат за сомнителни, а Северина потоа доброволно се вратила во Хрватска, иако ѝ бил дозволен влез во Србија.

„Видов се, се ми е јасно, да. Тоа го коментирам на двоен начин. Првиот, сметам дека јас сум секогаш за некое средно решение и јас нема да ја нападнам Северина како што тоа го прават повеќето. Туку ќе се поставам објективно. Значи, ако тоа била редовна процедура, како што била, како што и Ивица Дачиќ рече, тоа е во ред. Јас не знам што се случувало таму. Но едно нешто е сигурно. Србија не е земја која ја покажувала својата сила на начин што би малтретирала некого. Па така, сигурна сум дека Северина не била малтретирана во тоа задржување на граница. Ако е тоа редовна процедура, тоа е океј. Но исто така не треба ни неа да ја сатанизираме на начин како што некој тоа го прават, зашто тоа е контрапродуктивно и за самиот Александар Вучиќ. Испаѓа дека е ова некој тиранин, некој деспот кој сега малтретира една хрватска пејачка, што не е точно. Александар Вучиќ не е таков. Тој прво е добар човек, а потоа е и голем демократ во срце. Тој е толку мек човек што некогаш и претерува што е дотолку мек, искрено да ви кажам“, вели Јована и додава дека ова случување не ѝ се допаѓа.

„Ќе ја заштитам Северина од една страна, ако е таа во право. А од друга страна, Северина мора да знае дека процедурите се процедури, кои би важеле и за неа и за мене и за сите. А од трета страна, ако ѝ ги поставиле прашањата што таа ги тврди, тоа не е во ред. Мислам, не знам што се случило, но само се обидувам да бидам објективна. Едно е сигурно, таа е мајка на Србин, таа е сопруга на Србин. Дури и на видеото кое е познато, по кое таа се прослави, видеото од јахтата, воопшто не гледам негативно…“, заклучува водителката за српски „Телеграф“

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....