17:17 - 15 ноември, 2026

Јована Јеремиќ ја тужи Весна Ривас за клевета: „Нека докаже на суд дека „Ролексот“ е лажен“

Водителката Јована Јеремиќ одлучи да ја тужи пејачката Весна Ривас, откако таа јавно изјави дека луксузниот часовник што го добила на подарок всушност е лажен.

Имено, Јована неодамна објави дека нејзината најдобра пријателка ѝ подарила часовник „Ролекс“, но Весна Ривас не пропушти можност јавно да го оспори ова.

– Ги прочитав коментарите под нејзините смешни клипови. Понекогаш се обидува да се преправа и глуми, но тие коментари станаа анти-реклама. Сега се води од фактот дека секоја реклама е добра реклама. Таа повеќе не може да ја контролира … Некои луѓе го губат чувството за реалност, не одат по земјата, не се радуваат на ситници. Таа вели дека пријателка ѝ дала „Ролекс“, а всушност тоа бил Ролекс вреден 50 до 80 долари – изјави Ривас пренесува српски „Телеграф“.

По оваа изјава, се огласи Јеремиќ, нагласувајќи дека ја тужела пејачката.

– Ѝ посакувам на Весна Ривас се најдобро и да го пронајде својот мир. Нема да давам никакви јавни изјави во врска со нејзиното име и презиме, а денес таа доби две тужби, покрај претходните две, ќе ги докаже своите тврдења на суд ако верува дека е во право – изјави Јована Јеремиќ.

Слични објави

Верица Ракочевиќ искрено за бракот со 35 години помладиот Вељко: „Ќе ја почитувам неговата одлука, а ако се предомисли, ќе останеме најдобри пријатели“

Е.А.

(Фото) Српскиот голман со сопругата ужива во одмор во сребрена капсула за 2.500 евра по лице – само за една ноќ: Еве за што станува збор

Еспресо

Тројна прослава во семејството на Кнез – И тој и ќерка му ќе прават свадба, а ова е третата посебна причина за славење

Еспресо

(Фото) „Камерите се гасат, ама нашата приказна допрва ќе се слушне!“ — заврши снимањето на филмот за Слаткаристика

К.С.

Пред да почне работната недела — пет навики што ќе ви помогнат да седите помалку на работа

К.С.

Сузана Манчиќ крие диплома од Правен факултет: „Татко ми беше новинар, мајка ми сопран, а сите беа зачудени што завршив на естрадата“

Е.А.
Се вчитува....