21:22 - 13 ноември, 2026

Јован Јованов ја откри вистинската причина зошто се развел со сопругата

Јован Јованов ја откри причината за разводот со сопругата Николина, со која се раздели пред неколку години. И двајцата живеат во Канада, имаат заеднички бизнис, а музичарот вели дека се најдобри пријатели.

„Ја загубивме страста, желбата за водење љубов еден кон друг. А, вака за муабет си бевме топ, ама… И онака си велиме: ‘Чекај, тогаш да си тераме’.

Во браковите што се случува? Тие престануваат да се привлекуваат, љубовно и сексуално и секако, а уште се заедно. Не се интимни и едниот почнува да изневерува“, рече Јованов во емисијата „Животна приказна“ на МТВ.

– Јас и Николина љубовно не сме заедно со години, но добро функционираме како бизнис-партнери. Едноставно може да се функционира доколку имате разум, знаете да разграничите што се приоритети во животот.

Нормално дека би правел бизнис со неа зашто ѝ верувам, зашто ми е најголема поддршка и најдобар другар. Заедно дојдовме во Канада, ме знае многу добро, а и јас неа. Ја имаме Малеа и тоа е нешто што ќе нѐ поврзува цел живот.

Сѐ што градиме и создаваме, го правиме за неа. Затоа, разумни луѓе што ја гледаат големата слика на животот, не гледам причина да не се дружат или да не работат заедно само поради тоа што не спијат заедно“, откри Јован за „Слободен печат“ во 2023 година.

Фото / Инстаграм

Слични објави

(Фото) Јелена Ѓоковиќ се појави на премиера во Белград со чанта од 4.000 долари

Еспресо

(Фото) Издроби леб во млеко и го посипа со шеќер: Дарко Лазиќ покажа што јаде за вечера, далеку од луксузот

Еспресо

Смртен случај во семејството на Милица Тодоровиќ: Пејачката го загуби дедо си, мајка ѝ се прости со емотивна порака

Еспресо

Богдана Ражнатовиќ повторно ја отвори расправата за костимот на синот: Сподели објава од воспитувачка со јасна порака за здолништата за момчиња

Еспресо

Српската пејачка се бореше со рак, сега објави список на познати личности што ѝ пружиле поддршка – само 8 од нив

Еспресо

Игор Којиќ ги објави првите фотографии од свадбата – нежно го гали трудничкиот стомак на 10 години помладата сопруга

Еспресо
Се вчитува....