8.8 C
Скопје
08:35 - 2 април, 2026

Јелена Карлеуша со јавна молба до Лепа Лукиќ: „Само со тебе не сум била на суд…“

Јутјуберот и поп дивата во текот на два и пол часа поминаа многу теми кои заинтригираа и насмеаа 180.000 гледачи.

Сепак, она што ги шокираше сите е изјавата на Јелена Карлеуша дека Бака Прасе наводно имал интимна врска со Лепа Лукиќ.

Поп дивата сега ја искористи приликата јавно да ѝ се обрати на постарата колешка:

„Лепа, те молам, само се зезав. Те сакам, те обожавам. Уште со тебе да одам на суд, само со тебе од пејачките не сум била на суд. Се шегував – истакна ЈК во поткастот на македонскиот јутјубер Стефан Лазаров, па додаде:

„Таа се налути. Лепа, јас само кажав дека си го видела Бака Прасе и дека си слушнала сешто за него. Мислам дека нема појма што сум рекла, туку дека новинарите пренеле глупости – зборува Јелена па поентира:

„Ако погледне, ќе сфати за што се работи. Лепа, те обожавам, голем поздрав за тебе.

Потсетуваме, прочуената пстара колешка на Карлеуша не штедеше зборови за Јелена.

„Како можете да ме бламирате со такви гадости? Како можете да ме барате порати гадоста на Јелена Карлеуша? Дај боже кариерата да ѝ трае како мојата и да се посвети на песната, а не на вакви работи. Не сакам ни да ги знам деталите на тоа што го рече ниту да дозволам тоа да ме отруе. Оставете ме да умрам на мир, и достоинствено, без да ме вознемирувате со такви лаги. Со што заслужувам да ми се закачи секоја будала во овие години. Трпев и молчев за секакви афери додека бев млада, ама сега е навистина доста“ – рече Лепа Лукиќ за српски Ало.

Слични објави

Хороскоп за 2 април: Овните ќе бидат вознемирени, Лавовите ќе избегнуваат конфликти

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.
Се вчитува....