13:25 - 3 април, 2026

Јелена Карлеуша на фотографија со озогласениот Пи Диди, што се крие зад сликата?

Пејачката Јелена Карлеуша се најде во центарот на вниманието поради старата фотографија со раперот Пи Диди, кој неодамна беше уапсен под тешки обвиненија за силување и трговија со луѓе. Ви ги откриваме сите детали за нивната средба и како сликата стана вирална на социјалните мрежи.

Пејачката Јелена Карлеуша неодамна се најде во центарот на вниманието поради старите фотографии на кои позира со озлогласениот рапер Пи Диди, кој е обвинет за злоупотреба, силување и трговија со луѓе. На една од тие слики, која Карлеуша ја сподели на социјалните мрежи во 2014 година, таа напиша: „Сликата се вика – Изување -“, алудирајќи на настанот во неговиот дом во Мајами. Пи Диди, чии познати забави наречени „Бели парти“ во Хемптонс беа легендарни, беше уапсен минатата недела под обвинение за рекет и сексуална експлоатација.

Овие забави, кои особено беа популарни од 1998 до 2009 година, ги собраа холивудските ѕвезди како Леонардо ди Каприо, Џенифер Лопез, Бијонсе и Џеј Зи, а меѓу нив беше и Карлеуша. Иако нема докази дека Карлеуша била свесна или вмешана во некакви незаконски активности, нејзината фотографија со Пи Диди стана вирална на социјалните мрежи во Србија, привлекувајќи дополнително внимание што стои зад неа.

Шон „П. Диди“ Комбс моментално се соочува со сериозни обвиненија, вклучително и трговија со луѓе за сексуална експлоатација, рекетирање и киднапирање. Во обвинението се наведува дека тој организирал настани познати како „freak off“ забави, на кои жените биле принудувани на оргии, честопати под дејство на дрога и без нивна согласност. Според обвинителството, персоналот кој работел за Диди бил одговорен за организирање, обезбедување дрога и снимање на настаните со цел да ги уценува жените. Жртвите наводно биле физички и сексуално малтретирани, а пријавите вклучуваат принудна работа и поткуп.

 

Слични објави

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо

(Фото) Вака се славеше роденденот на сопругата на Сергеј Ќетковиќ, цела естрада на едно место

Еспресо
Се вчитува....