00:37 - 2 април, 2026

„Јас сум секогаш вљубена“ – таинствен одговор на убавата манекенка Данијела Димитровска

Поранешната манекенка Данијела Димитровска беше во брак со српскиот водител Огњен Амиџиќ, а сега за српскиот портал „Блиц“ откри дали запловила во нови љубовни води.

„Во моментов сум многу фокусирана на мојот син и работата. Тоа е она што ме исполнува, секако тука се и пријателите и семејството, од се црпам љубов. За мене е многу важно да имам отворен и близок однос со моето семејство. Јас сум секогаш вљубена.

Без разлика дали е љубовта која доаѓа од пријателите, семејството, детето, тоа е она што ме исполнува“, изјави Данијела.

Димитровска откри дали на јавноста ќе ѝ го претстави новиот партнер.

„Ќе зборуваме за тоа кога ќе дојде до тоа, никогаш ништо не сум криела, па нема да го кријам ни тоа“, изјави Данијела која зборуваше и за нејзиниот поранешен сопруг Огњен Амиџиќ и неговата нова партнерка Мина Наумовиќ, која од водителот е помлада 17 години.

„Што се однесува до тоа, јас на сите им посакувам љубов. Јас сум суштество кое цени се што е убаво и позитивно и навистина на сите им посакувам љубов и тоа е тоа“, изјави Данијела за „Блиц“

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....