05:45 - 13 април, 2026

Јана Стојановска се отвори за разголувањето во сериите

Актерката Јана Стојановска искрено раскажа за разголувањето во филмовите во кои глуми. Разголени сцени, таа сними за серијата „Сенки над Балканот“ на Драган Бјелогрлиќ во која играше.

Таа гостуваше во емисијата „Вечер по осум“ со Миро Кацаров и детално објасни што мисли за таквите сцени.

-Сметам дека кога се запишуваш на Академија како глумец или глумица, треба да си свесен дека во еден момент твоето тело голо или облчено работи како костим. Значи ти не си тој. Ти ако не правиш дистинкција од своето јас, треба да се бавиш со нешто друго.

Не ги навредувам другите, има одлични глумци и глумици коишто просто не се согласуваат со ова, ако веќе го правиме да го направиме вистински- рече актерката. 

Фото / Инстаграм

– Серијата ми ја врати самодовербата што ја имав загубено тука, во Македонија. Ние глумците сме емотивни, чувствителни, отворени на еден посебен начин што нѐ прави особено ранливи. Нас нѐ бираат, за да работиме, треба некој да нѐ земе.

Мојата самодоверба се врати со моето прво посериозно остварување пред камерите токму во „Сенки над Балканот“, рече Стојановска неодамна во интервју за „Слободен печат“.

Слични објави

(Видео) Цеца Ражнатовиќ подготви богата велигденска трпеза – пејачката ја покажа семејната атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

Незаборавни филмови со библиски приказни за Велигден: Ако не сте ги гледале, не ги пропуштајте за празниците

Еспресо

„Не би му препорачала никому да се пријави на избор за убавина“: Мис Универзум изненади со изјавата

Т.Ц.

(Видео) Тагата не стивнува – Дарко Лазиќ испрати велигденска порака, па ги трогна сите со низа објави на социјалните мрежи

Еспресо

Кое е значењето на јајцето „чуваркуќа“ и што треба да се направи со тоа од минатата година?

Т.Ц.

(Фото) Едита се спрема за раѓањето на ќерката – пејачката покажа какви модерни работи купила за својата наследничка

Еспресо
Се вчитува....