Младиот пејач Јаков Јозиновиќ го распродаде осмиот концерт во белградскиот Сава центар за само 15 минути, а поради огромниот интерес најави и деветти.
На младиот хрватски изведувач повторно му успеа да ја наполни Сината сала во Сава центар до последното место, а билетите се распродадоа со рекордна брзина веднаш по пуштањето во продажба – за само 15 минути. На листата на чекање останаа неколку илјади обожаватели кои не успеаја да дојдат до билети ниту еден час по почетокот на продажбата.
Јаков Јозиновиќ потоа се огласи на Инстаграм и сподели радосни вести за сите што не успеале да обезбедат билет за неговиот концерт во рамки на турнејата „Јас за чуда летим“.
„Сава центар 9. Без зборови сум, драги луѓе, ви благодарам“, започна Јаков во своето обраќање, па додаде:
„Бескрајно сум благодарен на вас и на драгиот Бог. Белграде, ве чекам во Сината сала“, порача тој.
View this post on Instagram
Да потсетиме, со слични зборови Јаков им се обрати на своите обожаватели и откако го распродаде концертот за помалку од 20 минути.
„Сава центар 8. Белграде, ова лудило продолжува. Младост, љубов и најубава атмосфера и по осми пат во Сината сала“, напиша Јаков Јозиновиќ на Инстаграм.
