9.8 C
Скопје
13:28 - 31 март, 2026

Ја земал од дома со автомобил и за неколку месеци се венчале: Љубовната приказна на Ленче и Горан Кукиќ

Познатата музичко-брачна двојка од Струмица Горан и Ленче Кукиќ се запознале на многу романтичен начин. Горан Кукиќ победи во музичкото шоу „Никогаш не е доцна“ во 2016 година, а неговата сопруга Ленче Кукиќ однесе две победи во 2019.

Познатата музичка двојка во една прилика раскажа дека се запознале „Во Струмица на улица“, на познатото струмилчко корзо.

– Струмица е мало гратче, личи на Лондон, во него има триста чуда, па и ловен дом“. Ова го рекоа Ленче Кукиќ и Горан Кукиќ  во емисијата „Мастраф муабет“.

– Се запознавме во Струмица на улица, малку понагоре. На струмичкото корзо. Па, мислам дека јас прв ја забележав – рече Горан, а на ова Ленче одговори: „Јас. И јас сум фрлила око, и он фрлил, и хоп- нашле се“.

Фото / Фејсбук

Во емисијата „Еден на Еден“, Ленче ја дополни оваа приказна за нивната прва средба.

– Јас тогаш не возев. Чекав да ме замат едни другари и јас влегувам во колата и го гледам Горан Кукиќ, и си викам: О Боже, од дека бе ти? Јас го знаев, ама не сум го видела. Си седнувам, го гледам и си викам: „Ќе го биде!“ И да ти кажам, потоа, ние си се запознавме и по неколку месеци се земавме.

Е што сега, толку ќе ја тегнеме, нема што да се растегнува работата. Се сакаме, се земаме и тоа е тоа. Е сега, му благодарам на Господ, долго сме заедно, речиси 30 години – рече Ленче Кукиќ.

Слични објави

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin
Се вчитува....