39.9 C
Скопје
15:04 - 18 јули, 2026

„Ја запросив на зајдисонце на Ајатовски рид со песните на Шпато“ – виолончелистот Илиоски ја засвири љубовната нота

Младиот виолончелист Антонио Илиоски се одлучи на 22 години да направи клучна промена во животот и ја праша својата девојка за „судбоносното да“.

Тој ја запроси својата девојка на преубавото зајдисонце на Ајатовски рид во Илинден со поглед кон Скопје во близина на црквата „Свети Петар и Павле“, каде што Антонио лани крштевал бебе,  па тоа место му го освоило срцето.

На мало звучниче во позадина оделе култните љубовни песни на Димитар Маневски – Шпато, како „Девојко љубов ми вети ти“. Навистина романтично и филмски. А за идејата знаеле само неговите родители.

За „Еспресо“ вели дека имал трема и дека текстот што го подготвувал од дома го испомешал.

Клекнав на колена и почнав да се плеткам со зборовите, а имав многу убав говор спремено од дома. Таа не додржа ни да довршам и почна да вика: „да, да!“. Не знаете, 100 килограми како да паднаа од мене во тој момент.  На некој начин ние имавме зборувано за ова и претходно, па не ни беше шок, затоа што и двајцата знаевме дека сакаме да останеме засекогаш заедно, но сепак имаше многу измешани чувства – раскажува Илиоски.

Марија и Антонио се запознале пред една година официјално иако се познавале индиректно од излегување. Таа го видела на едно негово гостување во поткаст каде што зборувал дека пред секој настап си кажува иста молитва. Тоа ја освоило.

Тие имале и заедничка пријателка, па кога Марија ја прашувала за него, таа ѝ велела дека Антонио не е сега за серизона љубовна  врска поради обврските и честите патувања поради работата.

– Оваа година беше многу хаотична, многу често патував, имав многу ангажмани, а малку приватно време. Кога почнавме да се гледаме со Марија, правев сѐ за да можам да дојдам во Скопје, макар на неколу часа за да ја видам. Мислам дека денешните генерации ретко издржуваат љубов на далечина, но ете нашата опстои и ќе биде крунисана – вели тој.

Како што додава, сега неговата инспирација за музика ќе биде уште поголема.

Оваа година Илиоски го издаде својот прв солистички албум „Beyond the Silence“,  а со тоа и првиот македоснки албум произведен од звуците на виолончело. 


-Постои стигма дека ние целиот живот го поминуваме во четири ѕида, сами со инструментот. И дека ни треба долго време за да стигнеме до сцените. Јас одлучив да им пркосам на овие „озборувања“ и на свои 22 години го направив овој голем чекор, Македонија го доби првиот албум произведен од звуците на виолончело. Познавачите ми кажаа дека ова што го правам е реткост – рече неодамна Илиоски во интервју за „Слободен печат“.

 

Слични објави

Villa Diva – местото каде секоја прослава добива посебна магија

Еспресо

Многумина ги забележаа златните точки на ушите на Ѓоковиќ на Вимблдон – еве за што станува збор

Т.Ц.

Наташа Малинкова со нови фотографии покажа како ги победува високите температури

Т.Ц.

Астрологијата има совети и за шминкањето – кој е најдобриот летен избор за секој хороскопски знак

Т.Ц.

Со овој руски трик вашите цвеќиња ќе станат раскошни

Еспресо

„Пејачот Боби веќе не постои“: Македонската музичка ѕвезда стави крај на сите шпекулации

Еспресо
Се вчитува....