19:26 - 9 јануари, 2026

Ја фатил за градата, па се разочарал: Рада Манојловиќ откри што сè доживува на нејзините настапи

Рада Манојловиќ е на сцената 22 години и во тој долг период се соочила со разни непријатни ситуации на настапите. На еден од нејзините последни настапи, една обожавателка буквално ја гризнала!

– Една жена од публиката неодамна ме гризна за раката! Ми пријде по настапот, ме прегрна силно и ме гризна! И уште ми рече: „Кога може Десингерица, можам и јас.“ Десингерица само малку ме „излигави“ во една емисија, додека таа жена баш машки ме гризна! Имав модринка со недели! Десингерица е мало бебе за неа – рече Рада и додаде дека сака да ѝ се оддолжи со иста мера, пишува Информер.рс.

– Бев затекната, размислував дали и јас да ја гризнам со моиве за кои имам 20 години гаранција. Имам метални коронки, не пукаат лесно, попрво би ми пукнала главата отколку забот! Мислам дека не би ни почувствувала дека сум ѝ откинала 300 грама месо, ама не го направив тоа, се воздржав – рече Рада.

Тука не е крајот на непријатностите на настапите на Рада. Таа се присети на уште еден бизарен момент со обожавател.

– На настапите имаше разни ситуации… Едно момче, додека пеев, ме зграпчи за градата. Значи, не за градите, туку само за една. Не знаев дали да се смеам или да плачам, бидејќи немам ништо таму… Се обиде да фати, но залудно! Видов дека се разочара… Не се знае кому му беше потешко, нему или мене, беше навистина тажно – се присети пејачката во емисијата „Интриганто“ и откри зошто, како и многу нејзини колеги, нема обезбедување.

– Иако би требало да имам обезбедување, сепак немам, затоа ми се случуваат вакви работи. Неколку пати се обидов да ги ангажирам, но мораа да се симнат од бината бидејќи ми пречеа. Застануваат пред мене, и обично се пошироки отколку подолги, па пеам зад нив и изгледа смешно!

 

Слични објави

(Фото) Азис ја започна 2026 година со одмор на Хаваи

Е.А.

Северина објави ретка фотографија од синот Александар: Сличноста е вневеројатна

Е.А.

(Видео) Крстот од жито што вдовицата на Маринко Роквиќ го направила за слава е најубавото нешто што ќе го видите

Еспресо

(Видео) Марија Микиќ го покажа лицето без грам шминка: Среде ноќ објави видеа од нејзината вила вредна 500.000 евра

Еспресо

Мирослав Илиќ за крајот на кариерата: Бродот го водам кон пристаништето, го спремив сидрото! Години наназад се подготвувам за тој момент

Еспресо

Нов удар кон семејството: Бруклин Бекам им забранил на родителите директен контакт, можат да го бараат преку адвокат

Еспресо
Се вчитува....