6.8 C
Скопје
02:20 - 31 март, 2026

Израелските и палестинските милитанти објавија прекин на огнот во Газа

Израел и палестинската милитантна група Исламски џихад доцна синоќа прогласија прекин на огнот, што ги зголеми надежите за крај на најсериозниот конфликт во Појасот Газа за повеќе од една година. Израелските сили пукаа кон палестински цели во текот на викендот, што предизвика палестинска одмазда и ракетни напади врз израелските градови. Пукањата главно престанаа од моментот на стапување на сила на примирјето во 23:30 часот по локално време, пренесува Хина.

Прекинот на огнот беше објавен во одделни соопштенија на Исламски џихад и Израел, во кои му се заблагодарија на Египет што посредуваше во примирјето.

Хамас не се вклучи, 44 загинати Палестинци

Тридневните судири потсетија на минатите војни во Газа, иако тие беа релативно контролирани бидејќи Хамас, владејачката исламистичка група во Појасот Газа и помоќна сила од Исламскиот џихад кој го поддржува Иран, не беше вклучена.

Официјални лица во Газа соопштија дека досега се убиени 44 Палестинци, од кои речиси половина биле цивили, вклучително и деца. Ракетите му се заканија на поголемиот дел од јужен Израел и ги принудија жителите на градовите, вклучувајќи ги Тел Авив и Ашкелон, да се кријат во засолништа.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....