01:39 - 7 април, 2026

„Изгубив работа поради љубовницата на директорот“: Мaja Оџаклиевска откри зошто била „избришана“

YouTube

Мaja Оџаклиевска е една од најпознатите пејачки во регионот, со хитови кои и денес се слушаат и се пеат. Иако е во пензија, таа сè уште се чувствува подготвена да се врати во студиото и да сними нови песни.

Во интервју за „ПулсОнлајн“ Мaja зборува за музиката, животот, професионализмот, но и за тешкотиите со кои се соочила. Таа открива дека многу квалитетни уметници биле „избришани“ од сцената поради политички и финансиски интереси, а не поради талент.

„Изгубив работа затоа што љубовницата на директорот тоа го издејствува. Не прифатив компромиси и затоа ме нема. Сепак, студиото ми е место на инспирација и музиката е сè уште моја голема љубов“ – вели Мaja.

Таа додава дека нејзините песни и настапи остануваат трајни и дека секогаш настојуваше да биде професионална и посветена, иако тоа значеше да се откаже од многу задоволства и јавни појавувања.

Мaja денес живее на село, ужива во мирот, природата и семејството, но и понатаму ја држи музиката блиску до своето срце, подготвена да се врати кога ќе почувствува инспирација и можност.

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....