1.8 C
Скопје
03:18 - 14 март, 2026

Избори во Италија: Џина Лолобриџида кандидатка за сенаторка на 95 години; „таа е совшрено луцидна“

Една од најубавите жени во светот, секс симбол на 50-те и 60-те години, на изборите во Италија ќе биде лидерка во едночлената изборна единица на Сенатот во Латина за партијата Суверена и популарна Италија, односно 95-годишната глумица е на листата поддржана и промовирана од Комунистичката партија, Социјалистичка татковина, Граѓанската акција, Анкора Италија и партијата Рикокнвистаре Италија (комунистичка партија за реобнова на Италија).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vintage Icons (@vintageic0ns_)

Ова не е првпат Лоло да го испроба патот на политиката.

Уште во 1999 година Џина Лолобриџида се кандидираше како кандидатка во тогашната изборна единица во централна и јужна Италија на листата на Демократит на Романо Проди за европските избори. Таа имаше добиено околу 10 илјади потписи, но не беше избрана.

Оваа кандидатура, како независна кандидатка за Сенатот, дојде преку поранешниот судија Антонио Ингроја, кој е нејзин адвокат.

„Тоа е кандидатура што ја предложив и не смее да изгледа аномално затоа што Лолобриџида е, без оглед на некои судски мерки што ги оспоруваме, совршено луцидна. Таа сакаше да размисли за понудата неколку дена, но потоа таа доброволно прифати. Очигледно дека нема да може да оди на митинзи низ Италија и нејзината кампања главно ќе биде доверена на соопштенија за печатот и видео пораки. Таа е добро и здрав е, и покрај тоа што има 95 години“, објасни адвокатот Ингроја, објавува Кориере дела сера.

Адвокатот додаде: „Има прашања на кои таа е директен сведок, како правдата и состојбата на постарите“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sky tg24 (@skytg24)

Слични објави

Милица Тодоровиќ првпат по породувањето се појави во јавност: Сите погледи вперени во неа, таа порача само едно

Еспресо

5 навики што ментално здравите луѓе никогаш не ги практикуваат

Еспресо

(Фото) Жешки кадри од Малдиви: Луна Ѓогани позираше во бикини, нејзините облини во преден план

Еспресо

Астролошка викенд-прогноза: Размислете два пати пред да направите голем чекор

Еспресо

Формула за љубов: Може ли навистина да се пресмета колку ќе трае една врска?

Еспресо

(Фото) Во рацете чанта од 10.000 евра, на нозете патики од 1.000: Ана Ивановиќ со стајлингот ги воодушеви и парижаните

Еспресо
Се вчитува....