3.8 C
Скопје
10:06 - 22 декември, 2024

Иван нè води во светот на коктелите: Доброто друштво си бара и благороден пијалок – коктелот!

По долги години минати во експериментирање, денес коктел-мајсторот Иван Костевски го користи своето знаење и уметничка жичка да одговори на различните вкусови за коктели на авангарден и модерен начин, но не бега ни од „класиците“ кои оправдано се со децении најбарани во светот.

Коктелите се незаменлива компонента на забавите и дружењата, на средбите им додаваат живописна атмосфера, расположение и неверојатни емоции. Овој благороден пијалок првпат станал препознатлив уште во 15 век, и оттогаш неговата популарност расте секоја година. Рецептите на некои коктели се пренесуваат низ вековите и не ја губат својата популарност. Модерните коктели се богати со различни и интересни состојки за секој вкус. Рецептите се подобруваат со текот на времето, се менуваат, се прилагодуваат на клиентите. Но, постои и класика меѓу нив која го издржа тестот со години и се здоби со популарност во речиси секоја земја во светот.

Разговараме со креативниот коктел-мајстор Иван Костевски, со работно место – зад шанкот на трендовското кафуле „Излет“ и дегустираме „Френч мартини“ додека тој нè воведува во шарениот свет на вкусови, изгледи и миризби на пијалоците преточени во ниски или височи чаши, „дебели“ или тенки, со елегантна „нога“ или со рамно тло. Вели дека тајната на неговата вештина се должи на долгите експериментирања низ годините наназад, но и дека – освен искуство и знаење кој пијалок со кој друг(и) најдобро се „спарува“ – неопходна е и уметничка жичка.

Прилично авангарден во своето коктел-мајсторување, Иван ни открива која е најнеобичната состојка што ја искористил во креирањето на коктели:

„Блендиран морков, дефинитивно. Пробајте, додадете го во некои од омилените ваши коктели, дава убав шмек. Јас често го додавам во „Текила саур“, во овој коктел се вклопува фантастично“.
Негов омилен коктел е коктелот во кој уживавме за време на разговорот – „Френч мартини“, како што објаснува „бидејќи се создава убава структура од ананас и дефинитивно e лесно коктелче за сечиј вкус“. Од сегашното мени на кафулето го издвојува коктелот „Негрони“, а коктел од кој му се „крева коса“ кога ќе му го нарачаат е „Мохито“, токму затоа што е најбаран, а не го смета ни за многу креативен.

Го прашуваме кои се најпопуларни коктели, тука и во светот.

„Најпопуларните коктели се мешавина од неколку состојки, обично пијалокот вклучува не повеќе од пет компоненти. Главната состојка, се разбира, е алкохолен пијалок кој го поставува тонот и вкусот на самиот коктел. Дополнителните компоненти, како што се овошјето, зачините, соковите, помагаат само да се открие и нагласи вкусот и да се додаде пријатен шмек“ – објаснува Иван и ги набројува „Маргарита“, „Б-52“, „Негрони“, „Космополитен“, „Секс на плажа“, „Блади Мери“, „Белини“.

„Токму овие коктели го освоија светот со нивната леснотија на подготовка и неверојатен вкус. Сите овие популарни коктели имаат своја историја и оригинален вкус, поради што милиони луѓе се вљубија во нив“, додава коктел-мајсторот и несебнично со нас споделува два рецепти.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Liu Yang (@ly_damon)

Негрони

Грофот Камило Негрони се смета за креатор на овој коктел по потекло од Италија. Тој бил голем љубител на пијалок направен од вермут, кампари и сода. Но, на грофот не му се допаднало што коктелот бил премногу мек, па наместо сода замолил да му додадат џин. Вака се родил светски познатиот коктел „Негрони“.

Состојки: џин (30 мк); кампари (30 мл); црвен вермут (30 мл); портокал (1 парче) за декорација; мраз.
Начин на подготовка: Прво наполнете ја чашата со мраз; потоа додадете џин, вермут, кампари и сè добро измешајте;

Украсете го коктелот со парче портокал.

Маргарита

На врвот на алкохолните коктели се наоѓа „Маргарита“. Овој пијалок од латиноамериканско потекло датира од 30-те години на дваесеттиот век. Една од верзиите во 1936 година, беше измислена од мексикански шанкер за неговата сакана која се викала Маргарита. На девојакта многу ѝ се допаднал слаткиот коктел и во нејзина чест го носи името.

Друга верзија пак, датира од 1948 година, според која овој коктел е создаден од аристократката од Тексас Маргарита Самес во една вила во Акапулко. Кога сопственикот на синџирот ресторани „Хилтон“ го пробал овој пијалок, го вовел како посебна понуда во хотелите „Хилтон“ каде се здобил со популарност меѓу гостите, а потоа станал хит низ целиот свет.

Во светот постојат неколку стотици верзии за потеклото на овој коктел. Интересно е што и Мексико и Америка се сметаат себеси за родно место на овој светски познат коктел. „Маргарита“ е лесен, кул пијалок со богат и лесен вкус, а особено е омилен меѓу девојките, па затоа се вика „женски пијалок“. Многу е популарен во лето, на жештина, бидејќи составот може да ја згасне жедта. Состојките на една Маргарита се познати, а подготовката е брза и лесна. Неверојатно е што комбинацијата на толку едноставни состојки дава толку длабок вкус.

Состојки: текила (40 мл); ликер од портокал (20 мл); сок од лимон – најдобро од лимета (20 мл); мраз; сол.

Начин на подготовка: Измешајте текила, ликер од портокал и сок од лимета во шејкер или блендер; во оваа смеса додадете мраз и сè добро измешајте; додадете сол на работ на чашите; процедете ја готовата маса и истурете ја во чаша; готовиот коктел украсете го со парче лимета.

Слични објави

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо

(Фото) Цеца Ражнатовиќ без грам шминка: Вељко објави приватна фотографија од семејната вила

Еспресо

(Видео) Црногорската инфлуенсерка ја шокираше јавноста со својата изјава: Деца, ако учите, ќе можете да ми го миете автомобилот

Еспресо
Се вчитува....